Антикорупциска: Недоследности при набавката на фингерпринт уреди кои чинеа 11 милиони евра

Од:

Антикорупциска комисија утврди недоследности во постапката за набавка на уреди за биометриска идентификација на гласачите и во исполнувањето на одредбите од договорот со избраниот економски оператор.

На денешната 89. седница на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) по предметот за набавка на софтверот во Управата за матични книги, беа упатени слабости во постапката за набавка на уреди во вредност од над 11 милиони евра.

-Практично, врз основа на наведеното постои сомневање дека со начинот на кој била спроведена постапката за јавна набавка било доведено во прашање одржувањето на изборите, велат од ДКСК.

Беше посочено и дека не е исклучена веројатноста дека со техничката спецификација која според Комисијата за заштита на конкуренцијата содржела ограничувачки критериуми, бил фаворизиран избраниот економски оператор.

Од договорниот ангажман на избраниот оператор – правно лице од Германија, и на од него ангажираните подизведувачи, произлегло сомневање дека подизведувачите, кои се домашни правни лица во приватна сопственост, формално презеле голем дел од договорните обврски на изведувачот, при што едниот од нив за извршување на истите ангажирал државна образовна институција и физички лица – државјани на Република Северна Македонија.

-Воедно, индикативно е сомневањето дека еден од подизведувачите уште пред да биде објавен првиот оглас за јавната набавка, вршел активности поврзани со техничка поддршка, истражување на пазар, пронаоѓање на решение за проектот фингер принт за локални избори и пронаоѓање на производители, што упатува на сомневање дека тој подизведувач имал сознанија за активностите кои во тој период во ДИК биле во тек. Поголемиот износ на средства кои од сметките на подизведувачите е пренесен на сметки на физички лица или на поврзани правни лица по уплатата на средства од страна на изведувачот отвора сомневање во однос на целите за кои овие средства понатаму биле искористени, појаснуват од ДКСК.

Според Комисијата овие состојби во предметот укажуваат на сомнеж за сторена штета врз Буџетот на РСМ преку пропуштање на дејствија, ненавремено постапување, непостапување и злоупотреба на службената положба во корист на трети лица.

Во врска со изнесени наводи во јавноста за незаконски спроведена јавна набавка на услуги за „дигитализација на матичните книги” од страна на Управата за водење на матични книги, ДКСК утврди дека во двете тендерски постапки не биле предвидени соодветни заштитни мерки со цел да се зачува приватноста односно личните податоци на граѓаните на РСМ при скенирањето, контролата, управувањето, преносот и обработката на личните податоци од страна на ангажираните економски оператори врз основа на договорите склучени со Управата за водење на матични книги.

Во тендерската документација, било барано економските оператори да достават доказ за валиден сертификат односно доказ дека економските оператори имаат воспоставено систем за управување со безбедност на информации, согласно со барањата на претходно наведениот сертификат.

-Меѓутоа, дали ваквиот сертификат обезбедува заштита на лични податоци, т.е. заштита на документите кои содржат лични податоци на граѓаните на РСМ. Имено, личните податоци не се класифицирани, за да се бара исполнување на ваков услов. Истите подлежат на висока регулатива за пристап до истите и нивна заштита, согласно со Законот за заштита на личните податоци. Меѓутоа, сепак јавните набавки биле спроведени и при тоа биле избрани економските оператори појаснуваат од Комисијата.

Претседателката на Комисијата, Билјана Ивановска оцени дека кај овој предмет постои висок ризик особено со тргување на лични подататоци и изрази надеж дека анализите на Комисијата ќе им придонесат на истражителите во постапувањата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплатил помош да гласаат за него

А1он

ДКСК: Вишиот Управен суд ја одби жалбата на АСЈО, постапката за прием на нови слушатели ставена во мирување

Горан Наумовски

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Пријави за Арсовска и за повеќе општини на седницата на ДКСК

Антикорупциска испитувала непотизам на битолскиот универзитет: Вработен професор кој бил второрангиран

ДКСК ја проширува иницијативата до ОЈО ГОКК за сомнежи за несовесно работење и злоупотреба на службена положба од поранешни раководни лица на АД ЕСМ