Антикорупциска ќе го испитува јавното приватно партнерство со Жан Митрев

Од:

Антикорупциската комисија отвори предмет по сопствена иницијатива откако Владимир Чадиковски, единствениот лиценциран детски кардиохирург, даде отказ од болницата „Жан Митрв“, со која државата имаше склучено јавно приватно партнерство. Антикорупциската комисија ќе испитува дали постојат причини за раскинување на договорот меѓу државата и болницата „Жан Митрев“, особено по објавените информации дека кардиохирургот Жан Митрев, нема лиценца да се занимава со детска кардиохирургија, а тој веќе најави дека во идниот период ќе се оперираат 20 бебиња.

Чадиковски и неговиот тим во февруари годинава од државната клиника преминаа да работат во „Жан Митрев“, по јавното приватно партнерство што го воспоставија Министерството за здравство, Фондот и приватната болница. Чадиковски даде отказ поради неисполнети услови во договорот и различни концепти на работа, со кардиохирургот Жан Митрев.

Од Министерството за здравство изјавија дека ова не менува ништо и дека јавното приватно партнерство продолжува да функиционира. Единствено не дадоа одговор кој ќе ги оперира бебињата, со оглед на тоа што Чадиковски е единствен лиценциран кардиохирург во земјава.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски

Симпозиумот „Водичи во пракса“ организиран од Клиника Жан Митрев ги донесе европските упатства преточени во реални клинички одлуки

Клиника Жан Митрев официјално акредитирана како Европски центар за третман на дебелина – EASO Collaborating Centre for Obesity Management (COM)

Клиника Жан Митрев официјално акредитирана како Европски центар за третман на дебелина – EASO Collaborating Centre for Obesity Management (COM)

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стојаноски: Филипче и Заев преку државните институции и правосудството под нивна команда, сакале за багателна цена да ја земат клиниката Жан Митрев