Антиќ, Стојановски и Чековски запишани како Северно Македонци на „Евробаскет“

Од:

Глобалниот сајт „Евробаскет“ ги промени податоците за националноста на македонските кошаркари. На профилите од Перо Антиќ, Дамјан Стојановски и Ѓорѓи Чековски во делот за националноста беа запишани како Северно Македонци. Тоа сепак беше променето по само еден ден.

Исто така доколку се одбереше лигата на Република Македонија, сајтот покажуваше резултати од Северна Македонија. Кошаркарите имаат бројни успеси во репрезентацијата на Македонија.

Во кариерата на Антиќ се запишани клубови од земјава, Балканот и САД. Стојановски е прогласен за најдобар кошаркар на Македонија во 2014 година, додека неговиот колега Чековски е меѓу шесте најдобри играчи на првенствата во различни категории.

Сајтот „Евробаскет“ е креиран во 1997 година, кој застапува 248 кошаркари од преку 196 земји и 435 лиги. Базата ја сочинуваат профили на повеќе од 500.000 кошаркари и тренери.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски