Дамјан Стојановски ги скина лигаментите

Од:

Играчот на македонскиот кошаркарски шампион и македонски репрезентативец Дамјан Стојановски на вчерашниот дуел со Левски од АБА лигата ги скина предните вкрстени лигаменти на левото колено и поради повредата ќе мора да паузира најмалку шест месеци.

Стојановски се повреди на три минути пред крајот на натпреварот откако неполна минута претходно го донесе првото водство за својата екипа против Левски.

Повредата на лигаментите мора со оперативен зафат да биде санирана во најкус рок, а паузата ќе трае неколку месеци што значи дека за него првенството во АБА лигата е завршено. Истото се однесува и за домашниот шампионат.

Останува да се види колку ќе трае процесот на рехабилитација, па евентуално Дамјан Стојановски да се врати на теренот во текот на летото и со тоа да биде на располагање на селекторот Александар Џикиќ за настап во дресот на македонската репрезентација во септември 2015 година на Европското првенство.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ