Анонимуси Македонија: Не наседнувајте, видеото не е наше

Од:

Анонимуси Македонија се јавија по видеото кое се појави на Јутјуб, а кое содржеше закана до лидерот на СДСМ Зоран Заев, дека ќе објават компромитирачки материјали за него.

Screen Shot 2015-02-17 at 01.24.26

-Нашата страница нема направено вакво видео и не стоиме зад ова. Се сомневаме дека видеото е направено за нечии политички поени. Не наседнувајте. Анонимуси не се и никогаш не биле партиски поврзани, напишааа Анонимуси Македонија на својата Фејсбук страна.

Обидот за аматерското сценарио, да се објават материјали од службите против опозицијата , а да не испадне дека зад тоа стои државата беше претставен преку едно видео на Јутјуб зад кое наводно стоеа Анонимуси Македонија. Подоцна се појави и информација дека биле хакирани информациите од комјутерот на СДСМ од страна на Анонимусите, што беше демантирано од страна на партијата. СДСМ демантираше и дека воопшто пријавиле во МВР кражба на информации од комјутер, и појаснија дека сите материјали се на сигурно место.

Би можело да ве интересира

42 илјади евра ќе му плати државата на Верушевски зашто бил неосновано притворен

Васко Маглешов

(ВИДЕО) Судот со двојни аршини: За „Пуч“ дозволи, за 27 април обвинението се оценува без јавноста

Васко Маглешов

Верушевски за душевна болка бара 71 илјади евра од државата зашто бил неосновано уапсен и притворен

Васко Маглешов

ВИДЕО: Ако не чуле обвинителите досега, еве сега нека истражат кој нè местел во „Пуч“, повика Заев

Васко Маглешов

СЈО нема кривично да го гони Звонко Костовски во предметот „Пуч“

Наум Локоски

Врховен суд: Не може да одговара помагачот за прислушувањето, ако не биде осуден Зоран Верушевски

Ана Ололовска