Анонимуси: Европа молчи, бегалците предизвикуваат инциденти во Македонија

Од:

Виртуелната група хакери „Анонимуси“ ја повика Европа да не молчи во врска со ситуацијата во Македонија каде што, според нив, како резултат на судирите испровоцирани од бегалците се случуваат инциденти со висок ризик.

Според постот објавен на профилот на групата на германски јазик, германската јавност и медиуми не сакаат да прифатат дека во Македонија се случува алармантна состојба, поради инцидентите меѓу мигрантите и локалното население.

Пораката која што веднаш по објавувањето беше вирално проширена по социјалните мрежи е испратена од германската филијала на групата хакери кои што веднаш по нападите во Париз најавија и згаснаа неколку илјади Фејсбук и Твитер профили од каде што Исламската Држава ги пропагираше своите цели.

Анонимусите станаа познати пред десетина години по своите акции против владини, религиозни и корпоративни веб сајтови кои што пропагираат идеи спротивни на членовите на групата.

Според анализите, Анонимусите немаат централна координација и туку акциите често ги преземаат одделни групи во различни земји. Досега поради сајбер напади во десетина земји се уапсени десетици членови на групата. Нивните подржувачи ги нарекуваат „борци за слобода“ или „дигитален Робин Худ“, а нападнатите ги ословуваат како „сајбер терористи“.

Тајм магазинот во 2012 година членовите на групата ги рангираше меѓу 100 највлијателни луѓе во светот.

Би можело да ве интересира

ЕУ подготвува построги правила за азил и побрза депортација на мигранти по кризата во Сеута

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти

ВИДЕО: Момче од Мароко низ солзи го молеше шпанскиот војник да не го враќа назад

Предраг Петровиќ