Анима Мунди: Жртви на неодговорно сопствеништво – расно куче кое има сопственик е кучето кое нападнало и изгризало луѓе во Аеродром

Од:

„Реагираме во однос на вчерашниот страотен настан кога расно куче кое има сопственик и кое е пуштено слободно да шета нападнало и гризнало повеќе луѓе во населба Аеродром. Каснати се 6 лица, меѓу кои има деца. Потресени сме, засегнати лично и чувствуваме одговорност и потреба повторно да го посочиме коренот на за да ваква случка никогаш не се повтори.

Нападите се случиле од расно куче кое е непознато на локалното население и на активистите за заштита на животните од тој реон, кое некој го пуштил и се обидуваме да го лоцираме, го бараме. Во тој дел живеат бездомни кучиња кои се сите стерилизирани – вакцинирани – обележани и за кои локалните жители и наши активисти се грижат, кои се миленици на децата кои живеат таму.

Вината за овој настан е во неодговорните сопственици, во оние кои кучето го воспитале/научиле да напаѓа, а кои го пуштаат слободно да шета и на тој начин ја изложуваат јавноста на опасност – во нив е целата одговорност и бараме итно да одговараат.

Неодговорното сопствеништво е причинител број 1 за постоење на бездомните кучиња на улица; испуштените од контрола и неодговорно чуваните кучиња се оние кои се недоволно социјализирани и оние кои главно напаѓаат, за што говорат и податоците во Инфективна болница и искуствата со кои се соочуваме на терен.

Јавноста мора да знае дека сите проблеми со прекубројноста на кучињата на улица потекнуваат од неодговорното сопствеништво.

Анима Мунди во повеќе наврати достави предлог законски измени и бара дефинирање на строга законска рамка околу одговорностите кои следат доколку се чува куче и би биле првите кои од неодговорните сопствненици би барале најстрога одговорност :

1. Да се создаде јавна и единствена база на податоци од домашни миленици;

2. Да се налага идентификација и регистрација на животните со сопственик;

3. Да се поттикнува кастрација и стерилизација на домашните миленици преку оданочување за некастриран миленик и субвенционирање на кастрацијата и стерилизацијата од страна на општината/државата.

4. Имајќи ја во предвид ситуацијата во нашата држава, со цел сеопфатно третирање и решавање на проблемот со прекубројноста на кучињата, предлагаме и воведување на забрана за непречено размножување на домашни животни и применлив систем на санкции во случај на неодговорно сопствеништво. Поточно инсистираме да за напуштање и неконтролирано (непријавено/ неоданочено) размножување на домашен миленик бидат изрекувани најстроги казни на сторите.

5. Да се регулира и најстрого да се казнува злоупотребата на кучиња во борби и создаде регистар на лица кои организирале / учествувале во борби на животни.

Здруженијата не сакаат бездомни животни на улица и волонтерски, самостојно, континуирано дејствуваат и реално придонесуваат кон намалување на бројката бездомни кучиња; вдомување наместо купување миленик; стерилизација, формулирање законска рамка која ќе санкционира неодговорно сопствеништво – напуштање и неконтролирано размножување на милениците. Додека не се регулира оваа проблематика темелно, додека граѓаните не одговараат за сопствените постапки , додека секој може да набави куче и истото го исфрли на улица кога ќе посака, ние ќе се вртиме во круг и овие случаи ќе се повторуваат во недоглед.

Почитувани информираме и дека за прв пат наидуваме на институционална расположивост да го третираме и надминеме овој проблем , поточно интензивно се работи со Град Скопје за да се дефинираат хумани, применливи и ефикасни мерки кои ќе го решаваат проблемот со бездомните кучиња, и стационар Вардариште“, соопштуваат од Анима Мунди.

Би можело да ве интересира

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

„Анима Мунди“ ги повикува пратениците да ги поддржат измените на Законот за заштита и безбедност на животните

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он

ВИДЕО: Продолжува суровоста во Македонија-куче фрлено од седми кат

Предраг Петровиќ

Анима Мунди: Итно да запре убивањето кучиња во ЈП Лана, Струмица и да се овозможи непречен влез на активистите

„Кучиња се дават во крв додека некој се радува на победа“: Помеѓу Охрид и Струга изграден ринг за борби

Орце Костов