Анима Мунди: Заштитата на копитарите постои единствено на билборди и единствено со финансиска поддршка

Од:

„Во Петок на 06.05.2022 со почеток во 11 часот во Берово ќе се одржи Штрапаријада, настан во кој коњите се натпреваруваат во влечење трупци кои тежат до неколку тони” – вака започнува разгласот за еден импровизиран и примитивен настан во кој се промовира мачење и малтретирање на една ранлива категорија на животни во ова исто толку примитивно општество, коњи. Ова не е прв пат, и не се одржува единствено во Општина Берово“, велат од Анима Мунди.

„Неодамна имаше ист таков настан во Komuna Saraj-Municipality of Saraj-Општина Сарај и истиот беше уредно пријавен од наша страна до Агенцијата за храна и ветеринарство – Food and Veterinary Agency и за истото измачување не превзедоа ниту еден чекор да го спречат.

Иронијата во цела оваа трагична состојба во која се наоѓаат коњите во нашата држава е тоа што Агенцијата за храна и ветеринарство единствено е “гласна” на оваа тема кога треба да искористи финансиски средства од ИПА фондови за кревање на свест во однос на измачувањето на коњите во форма на билборди но по пријава за измачување на истите ги нема нигде“, соопштува Анима Мунди.

„Дали и за спроведување на Законот за благосостојба на животните ви е потребна финансиска подршка од ЕУ?

Јавно ги повикуваме сите надлежни институции и Општината Берово да го спречат утрешниот и секој следен настан во кој се промовира мачење, матретирање на неухранети, болни и здрави животни од овој вид!

Се повикуваме на Законот за благосостојба на животните во кој член 4 вели:

„Во секој можен случај и под секакви околности, секој треба да дејствува на хуман и грижлив начин кон животните”

„На животните треба да им се обезбеди нормално однесување имајќи го во предвид видот, старосната категорија и нивните физиолошки и етолошки потреби”

„Забрането е присилување на животните на работа која го надминува нивниот физиолошки капацитет, здравствена или кондициона способност”

И овој примитивизам и нехуман однос го прекршува секој еден член!“, се вели во соопштението на Анима Мунди.

Би можело да ве интересира

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

„Анима Мунди“ ги повикува пратениците да ги поддржат измените на Законот за заштита и безбедност на животните

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он

ВИДЕО: Продолжува суровоста во Македонија-куче фрлено од седми кат

Предраг Петровиќ

Анима Мунди: Итно да запре убивањето кучиња во ЈП Лана, Струмица и да се овозможи непречен влез на активистите

„Кучиња се дават во крв додека некој се радува на победа“: Помеѓу Охрид и Струга изграден ринг за борби

Орце Костов