Анима мунди: Само Македонија одбива помош за бездомните животни

Од:

Анима мунди бара властите уште еднаш да ја разгледаат можноста за давање дозвола на мрежата „World vet“ за операции на бездомни кучиња во Македонија.

„World vet“ мрежа на стручни и искусни ветеринари од светот кои со мобилни ветеринарни клиники спроведуваат и управуваат програми за директна ветеринарна помош на животните најави дека во 2016 година ќе испрати свои мобилни ветеринарни болници – искусни и квалификувани ветеринарни тимови и специјални возила, мобилни вететеринарни болници, за да спроведат бесплатни ветеринарни интервенции (стерилизации и лекување), како и едукативни кампањи за населението и консултации за одговорно чување на милениците во Македонија, но тоа законски не е возможно.

– Во илјадници повици кои ги добиваат како понуда за соработка, преку посредство на наша иселеничка Ана Миладинова на која и сме исклучително благодарни, ние успеавме да ги заинтересираме да дојдат во Република Македонија, но тука за нивни директни интервенции нема доволен интерес ниту законско решение – велат од Анима мунди.

Оттаму велат дека иако ваквата интервенција е од национален интерес, значајна за здравствената заштита на животните и непосредно на граѓаните, а воедно претставува единствена можност за заштеда на и така ограничените финансиски средства на буџетот на Република Македонија, мобилните ветеринарни тимови од „World vet“ кои се добредојдени во целиот свет, не можат да добијат дозвола за спроведување на директни ветеринарни интервенции во Македонија и на тој начин да овозможат силна и директна помош кај нас, на начин на кој помогнале и во 42 други другите земји на светов.

– Согласно одговорот кој го добивме од Ветеринарната комора на РМ и консултации со АХВ, не постои можност да дојдат и да оперираат, туку само да консултираат. За ова моравме да ги известиме „World vet“ кои изразија чудење и разочараност, за што ни посакаа и многу среќа во иднина. Среќа дефинитивно ќе ни треба со ваквата законска уреденост во Република Македонија. Ова е веќе втора прилика која ни минува низ прсти (првата од ЕНПА, најсилната италијанска организација која понуди стерилизации за бездомни кучиња), прилики кои би ги прифатиле многу други богати држави, но не и Република Македонија. Анима Мунди залудно се обидува да обезбеди помош за животните, за граѓаните, за државата, кога на крај се е законски оневозможено. Ова треба да го знаат сите оние кои бараат виновник зошто со децении не е решен проблемот со бездомните кучиња – велат од Анима мунди.

Оттаму прашуваат, толку ли нема начин да се дозволи интервенција и директна помош која е исклучиво наш интерес, интерес на државата и на граѓаните? Во услови во кои живееме смееме ли да си дозволиме да одбиеме една ваква помош, помош која ќе отвори нови можности во иднина?

Во само три дена, можат да извршат минимум 150 операции и лекување до 300 дополнителни животни.

Мрежата делува во подрачја на катастрофи, места каде благосостојбата на животните е загрозена, како и во програми за едукација на населението. „World vet“ се предводници во доменот во кој дејствуваат и како такви имаат долгогодишно искуство во 42 држави во светот, на 6 континенти (Европа, Северна и Јужна Америка, Азија, Африка, Австралија) при што драстично придонеле во заштитата и благосостојбата како на луѓето, така и на животните. Тие се препознаени по исклучителната стручност, влијание и придонес во надминување на проблемите кои ја засегаат јавната безбедност и здравствена заштита и на животните и на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

„Анима Мунди“ ги повикува пратениците да ги поддржат измените на Законот за заштита и безбедност на животните

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он

ВИДЕО: Продолжува суровоста во Македонија-куче фрлено од седми кат

Предраг Петровиќ

Анима Мунди: Итно да запре убивањето кучиња во ЈП Лана, Струмица и да се овозможи непречен влез на активистите

„Кучиња се дават во крв додека некој се радува на победа“: Помеѓу Охрид и Струга изграден ринг за борби

Орце Костов