Анима Мунди: Молк за коњите кои по улици умираат

Од:

„Се соочуваме со целосно игнорирање и незаинтересираност за секојдневниот проблем на злоупотреба, преработување, искористување на коњите како превозно средство и средство за влечење товар во Република Македонија.

Во меѓувреме ова се снимки и слики од улиците во нашите градови, врз основ на кои може  да процените сами дали овој проблем смее и понатаму да се игнорира!

Коњ паднат на прометна улица во Велес, управуван од деца кои се немоќни било како да му помогнат, а воедно толку мали што е скандалозно што полиција претходно ги нема запрено за да се превенира опасност по нив  и спречи сериозно нарушување на безбедноста во сообраќајот по сите други граѓани:

Фотографии од измачен коњ засолнет во училиште во Прилеп, толку изнемоштен и повреден, фрлен како ѓубре на улица, кој за жал иако хумани граѓани се обиделе, не успеале да го спасат. Коњот умре

Инсистираме да се превземат итни мерки за да се спасат коњите од секојдневно злоставување и измачување!

Иако поднесовме предлог иницијатива до сите надлежни институции; иако побаравме од кандидатите за градоначалници на локалните избори да се заложат за ургентно воспоставување на забрана за движење на влечни коли со коњи во урбани средини, во рамки на Одлуки за комунален ред на ЕЛС –  со што ќе се оневозможи злоупотребата на коњите и обезбеди поголема безбедност на сите граѓани во сообраќајот –  ниту еден  до сега не се произнесе за нашето барање. Никој децидно не кажа дека конечно ќе се превземат мерки да запре мачењето на овие животни; дека се обезбеди сообраќајна безбедност и обештетат оние кои со овие коњи преживуваат на начин на кој не смее да живее никој во едно нормално, цивилизирано општество“, се вели во соопштението на Анима Мунди.

Би можело да ве интересира

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

„Анима Мунди“ ги повикува пратениците да ги поддржат измените на Законот за заштита и безбедност на животните

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он

ВИДЕО: Продолжува суровоста во Македонија-куче фрлено од седми кат

Предраг Петровиќ

Анима Мунди: Итно да запре убивањето кучиња во ЈП Лана, Струмица и да се овозможи непречен влез на активистите

„Кучиња се дават во крв додека некој се радува на победа“: Помеѓу Охрид и Струга изграден ринг за борби

Орце Костов