Анима Мунди: Институциите слепи за тортурата над коњите – бараме итно да се разгледа и прифати нашата инцијатива

Од:

„Сцените со измачувани, изгладнети, преработени, тепани коњи во државата се секојдневие за кое изостанува реакција од надлежните институции иако со години апелираме дека во ваквите случаи се кршат повеќе закони (Кривичен закон; Закон за заштита и благосостојба на животните; Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата); животните се жртва на тортура без прекин и се предизвикува сериозна опасност по сите граѓани, учесници во сообраќајот.

Ова е само еден во низата случаи каде делото мачење на животни е констатирано, пријавено во полициската станица Беко, но полицијата освен увид на лице место не прави ништо велејќи дека нема надлежност, а на лицето кое го мачело коњот и кое е и претходно пријавено за суровост кон друг коњ, животното не му е одземено ниту му е покрената пријава по службена должност.

Погледнете го коњот – коски и кожа, преработуван целиот негов живот, со сериозни и длабоки рани по телото од физички повреди – денес немоќно лежи и никој освен хумани граѓани, активисти, ветеринар кој го испративме на лице место нема да му помогне.

Анима Мунди бара итно институциите да се разбудат и почнат да си ја вршат работата во однос на заштита на животните; итно да се земе во предвид Иницијативата за заштита на коњите со која ќе се стави законска забрана за нивно искористување во сите урбани средини. Поточно уште на 19.09.2017 доставивме иницијатива до надлежните органи и преку посочената Иницијатива за помош на коњите, даваме конкретни применливи предлози за превземање на конкретни чекори кои би воделе кон:

– Унапредување на благосостојбата на коњите,

– Зголемување на безбедноста на сите граѓани во сообраќајот и

– Олеснување на животот на граѓаните кои се најранливата и најмаргинализираната категорија граѓани во нашето општество.

Укажуваме дека за недминување на постоечките проблеми и третирање на оваа проблематика неопходно е усогласување на законските акти, меѓуресорна синхронизација и соработка помеѓу сите надлежни институции и органи од државно или локално ниво – конкретни измени на законски прописи и нивно усогласување нудиме директно во предложената Иницијатива.

Овој документ е првична иницијатива која понатаму ќе се развива во интерес на осигурување на сеопфатна и прецизна легислатива за заштита на коњите и сите останати копитари кои влегуваат под овој вид (equine). Со овој документ укажуваме на проблемите во врска со кршењето на благосостојбата на коњите и да иницираме законски промени кои се од суштински интерес како за граѓаните, така и за животните во Република Македонија“ се вели во соопштението на Анима Мунди.

Би можело да ве интересира

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

„Анима Мунди“ ги повикува пратениците да ги поддржат измените на Законот за заштита и безбедност на животните

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он

ВИДЕО: Продолжува суровоста во Македонија-куче фрлено од седми кат

Предраг Петровиќ

Анима Мунди: Итно да запре убивањето кучиња во ЈП Лана, Струмица и да се овозможи непречен влез на активистите

„Кучиња се дават во крв додека некој се радува на победа“: Помеѓу Охрид и Струга изграден ринг за борби

Орце Костов