Анима Мунди: Инспекторот што поддржува борби на кучиња да се избрка од работа!

Од:

Според информациите што ги добивме од загрижени граѓани и пред се информациите од порталот Центарњуз, ветеринарен инспектор од Агенцијата за храна и ветеринарство, на својот ФБ профил објавува, поддржува и,најверојатно одржува Фејсбук страници за организирани борби со кучиња, реагира здружението Анима мунди.

„Станува збор за лицето Диаз Т., по професија ветеринар, вработено како инспектор во Агенцијата за храна и ветеринарство, кој, наместо да работи во рамките на своите надлежности и да ги штити животните, работи спротивно на законот и своите должности и овластувања. Да се поддржуваат борби со кучиња од страна на ветеринарен инспектор претставува срам и огромен скандал, при што се врши ненадоместлива штета на угледот на АХВ и прави да граѓаните воопшто немаат доверба во оние кои се должни и платени животните да ги штитат согласно закон“, се вели во соопштението на оваа организација.

Анима мунди вели дека иако се поднесени бројни пријави за организирани борби со кучиња, до сега немаат добиено податок дека некогаш некој бил казнет. „Ваквото однесување претставува срам и злоупотреба на професијата ветеринарен инспектор и бараме Агенцијата за храна и ветеринарство ургентно да постапи, покрене дисциплинска постапка и ќе го разреши од должност ова лице“, реагира организацијата.

Би можело да ве интересира

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

„Анима Мунди“ ги повикува пратениците да ги поддржат измените на Законот за заштита и безбедност на животните

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он

ВИДЕО: Продолжува суровоста во Македонија-куче фрлено од седми кат

Предраг Петровиќ

Анима Мунди: Итно да запре убивањето кучиња во ЈП Лана, Струмица и да се овозможи непречен влез на активистите

„Кучиња се дават во крв додека некој се радува на победа“: Помеѓу Охрид и Струга изграден ринг за борби

Орце Костов