Анима Мунди: Инспектори злоупотребиле функција и казниле човек зошто храни бездомно куче!

Од:

„Дека хуманоста е на удар во Република Македонија, говори случајот со кој е соочено семејството Музовски од Демир Хисар, кое, за својата човечност е финансиски казнето, по брза постапка. Во Демир Хисар, каде не постои никаква институција за заштита на животните, ниту стационар, хуманиот граѓанин Марјан е казнет со педесет евра и под закана дека веднаш повторно ќе биде казнет, затоа што даваат храна бездомно маалско куче“, велат од Анима Мунди.

„Казнети се зошто така „и се можело” на нивна сосетка инспекторката С. Ц. која не сакала да го гледа мирното бездомно кутре на кое семејството Музовски повремено му давало храна, инаку верен пес кој е пријател повеќето деца од маало. Во прилог и негова фотографија, со дете.

Кучето извесно време живеело околу зградата и инспекторката се заканувала дека ќе ги казни, по што они на два пати го дислоцирале кучето во околни села, но тоа се враќало. Демир Хисар нема прифатилиште и кога луѓето се одбратиле на институциите за помош добиле насоки  да го фрлат на планина. И тоа го сториле, но без успех, зошто кучето се враќало. Тогаш инспекторката искористувајки ја нејзината работна позиција и контакти повикала нејзини колеги (државни службеници со пониско звање, значи непосредно подредени), комунални редари кои без воопшто да дојдат, направат увид, констатираат дали е кучето бездомно, или со сопственик изрекле парична казна по брза постапка на семејството.

Институциите не постојат да се изживуваат врз граѓаните, туку се нивен сервис и како таков должни се и платени граѓанинот да го штитат!

Анима Мунди има докази дека е во случајов искривена фактичката состојба и извршена груба и безобразна злоупотреба, притисок и  штета врз едни хумани луѓе. Злоупотребата е направена од инспектори, од службени лица кои наместо да се грижат и им служат на граѓаните (за што се платени), ги компромитираат оние кои се одговорни и хумани и ги удираат по џебот.

Заради бесчувствителноста, хировите , безобразието на една жена, која има овластувања и се заканува дека пак ќе изрече казна,страда цело семејство само затоа што хумано рани улични кучиња и дополнително се бара начин како да се отстрани животното, кое е мирно, верно и не прави штета никому! Информираме дека ваквата злоупотреба не смее да биде толерирана како и дека поднесовме пријава против службените лица кои во овој случај извршиле злоупотреба на службена должност и кои за тоа ќе  одговараат“, се вели во соопштението на Анима Мунди.

Би можело да ве интересира

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

„Анима Мунди“ ги повикува пратениците да ги поддржат измените на Законот за заштита и безбедност на животните

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он

ВИДЕО: Продолжува суровоста во Македонија-куче фрлено од седми кат

Предраг Петровиќ

Анима Мунди: Итно да запре убивањето кучиња во ЈП Лана, Струмица и да се овозможи непречен влез на активистите

„Кучиња се дават во крв додека некој се радува на победа“: Помеѓу Охрид и Струга изграден ринг за борби

Орце Костов