Ангеловска за намалувањето на парите за партиите: Сите треба да понесат дел од товарот

Од:

Намалувањето на средствата за политичките партии со владина Уредба беше на предлог на Министерството за правда во чиј што буџет е наменето финансирањето на политичките партии и тоа согласно закон, изјави денеска министерката за финансии Нина Ангеловска.

– Претходно беше 0,15 проценти од вкупните приходи, но сега согласно кризата и еве консензусот од страна на сите политички партии тој процент е 0,04 проценти, или со предлог одлуката за кратење беа намалени значајни износи на средства, нешто околу 100 милиони денари се на ставката, наспроти околу повеќе од двојно коишто биле  на почетокот на годината, рече Ангеловска, додавајќи дека сите треба да понесат дел од товарот.

Потсети дека за ова прашање било дискутирано уште пред неколку месеци со првата одлука за кратење, но досега не била оперативно донесено со уредба и усвоена на седница на Влада, а сега тоа е официјализирано.

Владата вчера со уредба скрати четири милиони евра на политичките партии а средствата, како што вчера соопшти владината прес-служба, ќе бидат пренаменети во буџетот за справување со последиците од пандемијата, а за политичките партии преостануваат нешто повеќе од милион евра кои ќе треба да биде распределени согласно законските прописи.

Би можело да ве интересира

Една четвртина од младите се пречесто на социјалните мрежи, според нив, партиите се најголем извор на неточни информации

Орце Костов

ИКС: Најголемите партии се и најголеми сејачи на токсични наративи

Орце Костов

Левица бара собраниска седница за пратенички прашања со задолжително присуство на Нина Ангеловска

Жарко Настоски

ДКСК: Кај Ангеловска нема кривична одговорност, но потребно е доуредување на категоријата судир на интереси во сите прописи

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја издаде Нина Ангеловска, владата знаела за случајот Еуростандард банка

Жарко Настоски

Антикорупциска ќе испитува дали има судир на интереси кај министерката Ангеловска

Ана Ололовска