Ангелов: Зоран Крстевски е монструм за чија безбедност не гарантирам

Од:

Стојанче Ангелов, претседател на Достоинство преку својот Фејсбук профил соопшти дека се откажува од својот кум Зоран Крстевски и го предупредува да не се приближува на членови на неговото семејство.

-Јавно се откажувам од Зоран Крстевски, поранешен советник на Љубе Бошкоски, сегашен потпретседател на Страшо Ангеловски (ТМРО-ВЕП), од пред изборите вработен во Владата на Никола Груевски.

Зоран Крстевски повеќе не е мој кум, ниту другар, ниту пријател.

Зоран Крстевски отсега натаму е мој крвен непријател. Зоран Крстевски е МОНСТРУМ за чија безбедност не гарантирам доколку било кога и било каде се најде во моја близина. Промената на мојот однос кон монструмот Зоран Крстевски е од лична природа и не е поврзана со неговата политичка продажба и предавства извршени во неколку наврати.

-Ги предупредувам неколкуте лица кои сеуште имаат комуникација со монструмот Зоран Крстевски да бидат внимателни, пишува Ангелов на својот профил. На монструмот Зоран Крстевски му забранувам да се движи во близина на зградата во која живеам. Доколу на улица или на било кое друго место монструмот Зоран Крстевски наиде на членови на моето семејство му заповедам веднаш да се одалечи од нив. Во спротивно… Тој си знае. Знае и повеќе од што треба, напиша Ангелов.

Screenshot_3

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бошкоски: Оваа гарнитура од ВМРО-ДПМНЕ дефинитивно заминува во историјата

Ана Ололовска

Георгиевски, Бошкоски и Ангелов подготвуваат офанзива

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ангелов: Повеќе од јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ ги организира протестите

А1он

(ВИДЕО) Ангелов: Изјавите на Груевски можат да предизвикаат сериозни инциденти

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ангелов: Пописот е првиот проект доколку освоиме повеќе од 15 пратеници

А1он

(ВИДЕО) Ангелов: Војводата, братот и генералот заедно против лопатарот

А1он