Ангелов: Власта со заштитениот сведок сака да му ја запечати судбината на Љубе

Од:

„Од што се плаши вториот заштитен сведок против Љубе Бошкоски“, прашува Стојаче Ангелов од Достоинство и ОМ.

Дали се срами од себе, бидејќи треба да учествува во ова, или пак наместо сведок ќе си стават свој човек, вели Ангелов.

Со првиот заштитен сведок, вели, го ставија Љубе во затвор, со овој сакаат да му ја запечатат судбината.

Најави првиот ден по одморите , опозицијата ќе го напише и поднесе Законот за амнестија за Љубе Бошкоски. И пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, кои се срамат бидејќи гласале за амнестија на терористите., ќе го подржат Законот, вели Ангелов.

Како што веќе објави А1, одбраната на Љубе Бошкоски примила решение дека судот одобрил во случајот за убиството на Марјан Тушевски да се појави заштитен сведок. Адвокатот Владимир Ракочевиќ поднел жалба на вакото решение и не му е јасно зашто се доделува статус на заштитен сведок.

„Донесено е решение за заштитен сведок, поднесовме жалба и чекаме кривичниот совет да одлучи. Не се дадени причини за фактите, конкретно мора да се наведе кој му се заканува, на кој начин, да се види зашто е загрозен тој или неговото семејство. Нема ниту во предлогот на обвинителот ниту во решението наведена конкретна причина, се само фрази се напишани“, изјави адвокатот Владимир Ракочевиќ за А1.

 

Би можело да ве интересира

Ангелов: „Достоинство“ ќе коалицира со ВМРО – ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Ангелов: Достоинство ќе го преиспита своето учество во владеачката коалиција

Ана Ололовска

ОМ: Министерство за политички систем и етнички национализам

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Ова е вековен сон на целиот македонски народ

Катерина Ѓуровски

ОМ: Народот не ве плаќа за циркус, однесувајте се цивилизирано во Собранието

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Една држава – едни униформи

Ана Ололовска