Стојанче Ангелов преку својот Фејсбук профил повика со заеднички сили и со мирен марш да се оди пред Македонската радио телевизија и да се ослободи. Се тргнува од споменикот на „Бранителите” спроти собранието (во Жена парк), а крајна дестинација ќе биде МРТ.
– Повикувам на мирно и достоинствено изразување на незадоволството со политиките на телевизијата, која веќе подолго време непристојно ги цензурира сите непријатели на владеачката елита. Повикувам на натпартиски и надетнички протест, без никакви партиски или етнички обележја. Известувањето на МРТ е еднакво штетно за сите граѓани, без оглед на партијата на која и припаѓаат, без оглед на нивната етничка припадност, верска определба или социјален статус – вели Ангелов.