Претседателот на Достоинство, Стојанче Англеов на својот фејсбук профил вечерва ги демантира шпекулациите дека е уапсен. Следува интегралниот текст.
Ги отфрлам сите шпекулации дека сум бил уапсен, и ќе додадам дека, во Македонија сеуште го нема тој маж кој ќе се обиде да ме уапси и притоа ќе остане жив!!!
“Достоинство“ целосно се оградува од денешните насилни протести во 16.00 часот. Ниту знаеме кој ги организирал ниту тоа не интересира.
Ние како “Достоинство“ кажавме дека во начело ги подржуваме сите протести против изборот на Талат Џафери за министер за одбрана, само доколку се искрени. Но, понекогаш искрената намера не е доволна. Понекогаш и со најискрена намера можат да се направат штетни последици.
Организаторите на денешните протести од 16.00 часот можеби намерно, можеби ненамерно, ни направија одредена штета бидејки предизвикаа голема забуна дури и кај нашите луѓе. Многумина мислеа дека ние ги организираме и протестите од 16.00 часот со што го намалија одзивот на нашите протести од 12.00 часот и воедно предизвикаа забуна но и страв кај оние кои треба да дојдат на нашите утрешни протести од 12.00 часот пред споменикот на Бранителите.
“Достоинство“ во начело функционира како полувоена формација, што само по себе значи дека ние не дозволуваме никакво насилство, освен ако не е неизбежно, но и тогаш тоа јасно го нагласуваме и не се криеме зад никакви псевдоними и лажни идентитети, и можеби токму благодарение на ваквиот наш став и однос досега сме немале ситуации во кои сме морале да бидеме насилни.
На нашите мали и мирни протести ние бараме од присутните да се воздржат од непотребно вревење, дури и од непотребни муабети и ги замолуваме да бидат тивки. Ние протестираме пред споменик кој е подигнат во чест на нашите загинати соборци, во чест на нашите загинати браќа. На такво место се симнува капа, доколку се носи, и се молчи. Се молчи во знак на почит кон луѓето кои загинале бранејки ја татковината.
Што се однесува до бројноста на нашите протести, ние од почеток бевме свесни дека одзивот ќе биде мал. Зато и во мојот почетен повик кажав дека ќе бидам благодарен доколку со свое присуство подршка ни дадат само десетина граѓани, десетина граѓани со искрена подршка, десетина граѓани со силна подршка.
Сепак, и покрај се, ве повикувам утре (сабота), во 12.00 часот, масовно да дојдете пред споменикот на Бранителите, за да ни помогнете да ја започнеме реализацијата на нашата граѓанска иницијатива за собирање на 150.000 потписи за организирање на референдум.
Ние во повеќе наврати сме кажале дека со протести во нашата мила Македонија, со нашиот кроток македонски народ, не може да се смени ништо. Затоа и одлучивме да покренеме граѓанска иницијатива за референдум. Тое е веќе нешто друго. Од сите досегашни информации кои ги имаме, наша проценка е дека без посериозен проблем ќе ги собереме потребните 150.000 потписи. Нашиот народ можеби не е расположен да оди на протести но убедени сме дека ќе отиде до канцелариите на министерството за правда каде масовно ќе се потпише против националната катастрофа која ни се случува со години наназад.
И, за крај, сосем очекувано, провладините медиуми ќе се нафрлат со дрва и камења врз мене и “Достоинство“ меѓу другото и за денешните немири, кои патем можеби се организирани токму од луѓе блиски до власта. Ваквите напади, не само што нема да ме спречат ниту мене ниту останатите од “Достоинство“ туку, само дополнително ќе не мотивираат уште посилно, уште пожестоко, со сета своја пожртвуваност, со сето свое срце, со сета своја душа да се бориме до крај, да се бориме до крај за заштита на македонските национални достоинства, да се бориме до крај за Македонија!!!
Не бидете пасивни, не бидете мрзеливи, не чекајте некој друг да дојде место вас, покажете ја вашата подршка на дело!!!
Дојдете утре во Скопје, во “Жена Парк“, пред споменикот на Бранителите, во 12.00 часот!!!
Претседател на “Достоинство“ – Генерал Стојанче Ангелов