Претседателот на Достоинство Стојанче Ангелов на Фејсбук реагираше на веста за вечерашното гранатирање на зградата на Владата:
ВЛАДАТА РАКЕТИРАНА! ВЛАДАТА РЕКЕТИРА!
Не наседнувајте на провокации. Кој и да е, целта му е едноставна. Да предизвика вознемиреност. Да го одвлече вниманието. Но, овојпат нема да му успее. Ниту едното, ниту другото.
Затоа, наместо да зборуваме за ракета во Владата да преслушаме “бомба“ за Владата.
П.С. Да не беше МВР претворено во МВРО сторителите досега ќе беа откриени 100 пати!