Ангелов: Лажниот патриотизам на Никола Груевски

Од:

„Ги тужеше ранетите македонски бранители да ги вратат крвавите пари земени како отштета затоа што изгубиле дел од своето тело, изгубиле дел од своето здравје, пролеале дел од својата крв бранејки ја татковината.

Ги тужеше и семејствата на загинатите бранители во масакрот кај Вејце. Ги тужеше родителите, татковци и мајки, на запалените бранители, ги тужеше сопругите и децата на загинатите бранители, тужеше и дете кое се роди неколку месеци после смртта на неговиот татко.

Јас лично, заедно со раководството и членовите на “Достоинство“, заедно со десетина воени инвалиди, заедно со семејствата на загинатите бранители кај Вејце, го молевме Никола Груевски да ги повлече овие нечовечки тужби но тој не сакаше ниту да слушне иако само со еден телефонски повик можеше да стави крај на нивната агонија. Ги повлече дури неколку години подоцна кога притисокот на јавноста стана неиздржлив и трпеше огромна пропагандна штета.
Колку злоба треба да има во еден човек за на ваков начин да посегне по оние кои загинале или биле ранети бранејки ја својата држава?

П.С. Следните денови ќе напишам серија текстови околу лажниот патриотизам на Никола Груевски. Ќе ми значи доколку ги споделите за да ја потсетиме јавноста за сите неправди кои Груевски ги нанесе на македонскиот народ во последните 10 години. Во коментарите ќе објавам и по неколку линкови кои можете да го отворите за да се потсетите на злоделата на Груевски кон македонскиот народ. Истиот оној народ на кој тој секојдневно се повикува.
Никогаш да не се заборави, никогаш да не се повтори“, напиша Стојанче Ангелов на својот фејсбук профил.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Бројот на пожари висок, третиот „ер трактор“ во фукција на почетокот на август

Ангелов: Откриен обид за предизвикување пожар на Осоговските Планини

Ангелов: Пожар делумно го зафати покривот на црквата кај село Мршевци

А1он

Ангелов: Јавниот повик за прием на 400 пожарникари по владината мерка за поддршка во борбата против пожарите завршува во четврток

ВИДЕО: Пожарите во Крушје и Локвица ќе бидат потешки за гаснење, предупредува Ангелов

Ангелов: Во моментов најсериозен е пожарот во дојранско Николиќ

А1он