„Достоинство“ е згрозено од обидот на Никола Груевски по секоја цена да предизвика контролирана дестабилизација на Македонија, овојпат криејки се зад ГРОМ на Стевче Јакимовски. Откако не му успеа обидот да предизвика насилства помеѓу Македонците и Албанците сега Груевски се обидува да направи нов конфликт овојпат помеѓу Македонци со Македонци, кажа Стојанче Ангелов.
Затоа, ги повикуваме сите наши подржувачи кои имаат можност, да дојдат вечерва во 18.00 часот пред македонската влада каде ќе се приклучиме на протестот на опозицијата против одлуката на Уставниот суд, одлука со која му се овозможува на претседателот на државата да помилува лица кои извршиле крвични дела поврзани со изборите, силување, педофилија, трговија со дрога…
Контрапротестанти! Вашите шефови за да си ја спасат нивната слобода и од нас украдените пари се подготвени да предизвикаат војна. Да предизвикаат крвопролевање помеѓу Македонци. Македонци против Македонци. Брат против брат. Татко против син. Затоа ве повикувам и вас! Да им се спротивставиме! Заедно да кажеме НЕ на нивниот крволочен план. За нашето заедничко НЕ доволно е денес да не се појавите таму каде што со закана ви наредија вашите шефови. Или, ако сте веќе таму, заминете си.
За доброто на сите нас. За доброто на Македонија.