Ангелов до претседателот Иванов: Амнестирајте го Љубе Бошкоски

Од:

Стојанче Ангелов упати апел до претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, да го амнестира Љубе Бошковски, кој во ноември 2011 година беше осуден на седум години затворска казна под обвинение дека злоупотребувал пари во политичката кампања на претседателските избори.

– Претседателе Иванов, како претседател можат да Ви се најдат многу забелешки, како професор и интелектуалец можат да Ви се најдат помалку забелешки, но како човек Вие сте чесен и добар, затоа денеска Ве повикуваме најпрво како чесен човек, потоа како врвен интелектуалец, и најпосле како претседател на државата, амнестирајте го Љубе Бошкоски – рече денеска Ангелов.

– Амнестирајте го затоа што неговиот грев сигурно не е поголем од гревот на злосторниците од УЧК кои беа амнестирани, амнестирајте го затоа што неправедно и невин лежеше 4 години затвор во ХАГ за Македонија. Амнестирајте го затоа што дома го чекаат 3 деца, затоа што го чека сопругата и неговата стара и болна мајка. Претседателе Иванов, во име на сите македонски бранители ве повикуваме веднаш да го амнестирате братот Љубе Бошковски – вели тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бошкоски: Оваа гарнитура од ВМРО-ДПМНЕ дефинитивно заминува во историјата

Ана Ололовска

Георгиевски, Бошкоски и Ангелов подготвуваат офанзива

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ангелов: Повеќе од јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ ги организира протестите

А1он

(ВИДЕО) Ангелов: Изјавите на Груевски можат да предизвикаат сериозни инциденти

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ангелов: Пописот е првиот проект доколку освоиме повеќе од 15 пратеници

А1он

(ВИДЕО) Ангелов: Војводата, братот и генералот заедно против лопатарот

А1он