Ангелов: Георгиевски го создаде Груевски, тој со наша помош треба да го уништи

Од:

„Дали се боревме за Македонија во која има политички затвореници, за Македонија во која владее страв“, праша на трибината во Битола, лидерот на „Достоинство“, Стојанче Ангелов.

Брат Љубе не те оставаме, порача Ангелов, ќе направиме се за да те извдеме од затвор. Ќе покренеме Закон за амнестија на брат Љубе, иако рече, тој е невин и е политички затвореник.

„Достоинство“ не верува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го гласа законот, но велат, срамота е човекот кој се бореше за Македонија да скапува во македонските затвори.

Оваа коалиција, рече Ангелов, ќе му зададе смртен удар на ВМРО-ДПМНЕ и на Груевски.

„Од средбата со Бранко Црвенковски излеговме живи. Не се сретнавме со оној Црвенковски од спотовите на ВМРО-ДПМНЕ. Се сретнавме со друг Бранко, кој што сега знае дека треба да се решаваат проблемите. И на Црвенковски му е јасно дека без помош од Љубчо Георгиевски нема да можат да го скршат Груевски, тој е производ на Гергиевски, рече Ангелов.

„Вие го создадовте Груевски, вие со наша помош треба да го уништите“, му порача Ангелов на лидреот на ВМРО-НП.

Би можело да ве интересира

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов

Форум на жени на ЛДП: Најостро го осудуваме навредливиот коментар упатен кон Силјановска Давкова

ЛДП: Недозволиво е вакво апсење на новинарот Салиу

Мишиќ: Од суштинско значење е потребите на младите да бидат пресликани во новите политики

Јакимовски за викенд -акцијата „Здрави навики“: Заедно со граѓаните се грижиме за здравјето и градиме здрави животни навики

ЛДП со иницијатива: Да се воведат лековите со кои се врши медикаментозниот абортус на позитивна листа на лекови