Ангажман за нискоквалификувани лица за вршење јавни работи во Кочани

Од:

Дванаесет нискоквалификувани лица од Кочани, евидентирани во Агенцијата за вработување се ангажирани во вршење јавни работи во Комуналното јавно претпријатие „Водовод“.

Нивниот ангажман е за период од 22 работни дена, по четири часа дневно за извршување на работи од комунален ред и од одржување на паркови и зеленило.

Средствата во висина од 8.800 денари по лице се одобрени од Агенцијата за вработување.

Лицата се вклучени во проектот за вршење јавни работи преку Агенцијата за вработување на Република Македонија, чиј носител е Општина Кочани.

Градоначалникот Николчо Илијев денеска се сретна со првата група ангажирани лица и го нагласи значењето на проектот како можност за следни работни ангажмани на нискоквалификуваните кадри. Наесен, Општина Кочани ќе има можност да аплицира за ангажман на уште дваесет лица за вршење на јавни работи.

Би можело да ве интересира

Баран во Македонија за 12,5 години затвор, таткото на Ива Михаилова зборуваше на бугарска ТВ

Горан Наумовски

ВИДЕО:Тепачка пред полициската станица во Кочани, четворица приведени

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Судење за Пулс: Обвинителството изнесе докази за пропусти во годишните програми за надзор на ДЗС во Кочани

Во Кочани нов Марш за ангелите – „Не забораваме, не отстапуваме и продолжуваме“

А1он

42-годишен маж од Кочани загина во сообраќајка

Горан Наумовски