Андов демантира дека Камчев се лекува со сол и газирана вода во затворот во Шутка, немал висок притисок

Од:

Бизнисменот Орце Камчев немал висок притисок, а лековите од хроничната терапија му се даваат редовно, тврди директорот на затворот во Шутка, Филип Андов за „А1он“, откако адвокатите на притвореникот одново се пожалија дека тој утрово имал спојување на притисоците. Андов вели дека Камчев бил прегледан од домскиот доктор и дека немал никакви здравствени нарушувања, а притисокот му бил со нормални параметри. Затоа, не му била дадена никаква дополнителна терапија.

„Најостро ги демантирам ваквите наводи“, вели Андов на обвинувањата дека Камчев бил лекуван со сол и газирана вода како што тврдат адвокатите на бизнисменот.

Претходната среда, Камчев поради поплаки дека се гуши и дека има силни главоболки, беше однесен на прегледи на Клиниката за Кардиологија. Тој беше вратен во затворот во Шутка, без никаква дополнителна терапија. На почетокот од месецов, односно 11 јули, неговите адвокати се жалеа и на репресија која велеа дека се вршела врз бизнисменот. Крајот на јуни, беше пренесен Камчев на Клиниката за кардиологија поради поплаки дека има болки во градите. Тогаш му беа правени испитувања, а беше вратен во затвор со уреден наод.

На Камчев за предметот „Плацови на Водно“, во кој е обвинет, му е одреден притвор поради опасност од бегство, по барање на обвинителката Лиле Стефанова.

Би можело да ве интересира

Ново рочиште за случајот „Плацеви на Водно“

Ана Ололовска

Камчев останува во притвор, судот ја одби понудената гаранција

Катерина Павлова-Николовска

Одложено судењето за „Плацеви на Водно“, обвинителката Стефанова ќе се тестира за Ковид-19

Ана Ололовска

Ново рочиште за случајот „Плацеви на Водно“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Адвокатот на Камчев: Се сомневаме на пристрасност од застапникот на обвинението

А1он

Камчев тврди дека здравствената состојба му е „исклучително алармантна“, не сака на Кардиологија

Жарко Настоски