Врз Камчев се врши тортура и репресија, тој треба да се пушти во домашен притвор, реагираат адвокатите

Од:

Според сето она што ние како одбрана и јавноста го следиме и сведочиме повеќе од четири месеци за овој случај можеме јасно да заклучиме дека се работи за веќе видливо неоснована репресија врз господинот Јордан Камчев, кон неговиот личен анимозитет како и класична тортура која веќе секако беше потврдена и од Народниот правобранител, реагираат преку соопштение адвокатите на бизнисменот Камчев кои бараат тој да биде пуштен во домашен притвор, по неговата хоспитализација на Клиниката за кардиологија пред две недели. Тој по направените испитувања беше вратен во затворот во Шуто Оризари, но повторно се жалеше на здравствени проблеми.

„Вишото јавно обвинителство пред два дена ја прифати гаранцијата која г-динот Јордан Камчев ја понуди како замена на затворскиот, со поблага мерка, домашен притвор оценувајќи дека понудените гаранции се доволна потврда и обезбедување за замена на мерката. Покрај тоа, Вишото јавно обвинителство го зема во предвид и фактот дека се работи за бизнисмен кој има повеќе од 2500 вработени и кој пред издржување на мерката притвор секогаш уредно соработувал со сите органи на прогонот и судот“, се вели во соопштението потпишано од адвокатските канцеларии Савиќ, Гоце Ристески, Еленко Миланов, Наумов, Менкиноски и Партнери.

Тие велат дека по четири месеци ефективен притвор, Камчев е со видливо влошена здравствена состојба и истата продолжува да се влошува бидејќи во КПУ Затвор Скопје не постојат соодветни медицински и санитарни услови за третирање на конкретната здравствена состојба.

„Пред само неколку денови, г-динот Камчев, пет дена беше хоспитализиран на Клиниката за кардиологија во Скопје. Г-динот Камчев има фамилијарен историјат на кардиоваскуларни заболувања, самиот тој за истата здравствена проблематика практикува терапија од својата 15 годишна возраст. По неговото последно влошување на состојбата додека ја издржува мерката притвор и неговата хоспитализација на Клиниката за кардиологија, со оглед на ситуацијата, постои голема загриженост за сериозен ризик по неговото здравје“, тврдат адвокатите.

Според нив, во ситуација кога подносителот на обвинението, односно јавното обвинителство, кое ја отпочнало самата кривична постапка и истата ја довело до судска постапка, смета дека повеќе не постојат причини и потреба да му бидат строго ограничени слободите и правата на обвинетиот, судот не би смеел да ја оценува волјата и ставот на јавното обвинителство и да одлучи единствено на штета на обвинетиот.

„Оттука, целосно небулозно е ваквото постапување на судот кое не соодејствува со законски определената улога на судот во кривичната постапка па поради тоа, се отвора и прашањето за незавиност и непристрасност на судот во случајот со г-динот Камчев“, се вели во соопштението.

На Камчев неодамна му беа одредени нови 30 дена притвор за предметот „Плацеви на Водно“ во кој е обвинет, а поради опасност од бегство.

Судењето против него ќе почне на 16 јули.

Би можело да ве интересира

Притвор за двајцата приведени за убиството на лекарот во Железара

Анита Петровска Рајковиќ

Таткото на Вања останува во притвор – Врховен му ја одби жалбата

Притвор за осомничен кој во повеќе наврати силувал 14-годишна девојка во Битола

Орце Костов

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Притвор за петмина, 10 во бегство од мафијата во Грчец – убивале, продавале дрога, имале соработници во судови и институции

Таткото на Вања останува во притвор: Кривичен го одби барањето на адвокатот Туфегџиќ за куќен притвор

Александар Тодески