Анализите потврдија зголемено присуство афлатоксин М1 во „Лагано јутро“ на Дукат

Од:

Лабораториските испитувања спроведени во Македонија на производите на хрватски „Дукат“ потврдија дека во млекото „Лагано јутро“  има зголемено присуство на афлатоксин М1.

Како што соопшти Агенцијата за храна и ветеринaрство, добиените резултати од лабораториските испитувања спроведени од Факултетот за ветеринарна медицина, потврдија зголемено присуство на афлатоксинот М1 со просечна вредност од 0,152 микрограми на килограм. Станува збор за анализираните мостри од 360 литри трајно млеко од овој бренд, кои се наоѓаат под надзор во магацините на увозникот, односно кои не се пуштени во промет.

Овие количини, како што стои во соопштението, со наредба на Агенцијата ќе бидат нештетно уништени.

Агенцијата за храна и ветеринарство продолжува со вршење засилени инспекциски контроли на домашниот пазар, како и со задолжително испитување на афлатоксини при увоз на млеко и производи од млеко.с

Би можело да ве интересира

Нема веќе гарантирани цени, државата уште не го донела законот за контрола на трговците

Орце Костов

АХВ: Трипуновски повторно лажно шири паника, млекото со афлатоксин се враќа во Србија

Војната во Украина ќе предизвика криза со снабдувањето на млеко, предупреди Ковачевски

Орце Костов

„Доаѓа зима, ќе бираме помеѓу студ и глад“: Македонија пред силен бран поскапувања

Орце Костов

Итно се повлекува млекото „МИЗО 2,8%“: АХВ нареди да не се пие и да се врати од каде што е купено

Орце Костов

(ВИДЕО) Внимавајте: Напивка за слабеење, суплементи за црниот дроб, млеко, чоколади – повлечени како небезбедни

Анита Петровска Рајковиќ