• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Анализа: Текстилните работници сѐ уште незадоволни од работничките права

by А1он27/08/2019 - 15:38310
Share0

Текстилните работници сѐ уште се со нарушени работнички права. Работат во просечни услови за заштита на здравјето, платите се ниски, има мобинг и немаат многу доверба во инспекторатот и во синдикалното дејствување. Сѐ уште се плашат отворено да говорат за проблемите. Ова е дел од анализата на истражувањето што прилепската невладина организација „Достоинствен работник“ го спроведе од април до јуни годинава во 6 од 20-ината прилепски текстилни компании и во кое беа опфатени 196 работници, најмногу жени во текстилните фирми.

Добивај вести на вибер

Според Нежлан Исмаилоска од невладината „Достоинствен работник“ која беше директно вклучена во истражувањата платите се се уште ниски, условите за работа просечни, а има мобинг.

– Во однос на платата, работниците не се задоволни и висината на платата е на незадоволително ниво. Платите се движат од минималната, со закон, загарантирана плата, па до 20.000 денари. Ако е над минималната вклучени се: работењето во викенд, прекувременото и работењето во празник. Работодавците, во глобала, го исплаќаат само минималниот износ на платата. Запазени се роковите за навремено добивање плата како и уплаќањето на придонесите. Работниците добиваат годишен одмор, но секогаш има отпор од работодавците за термините, зашто велат, секогаш имало работа. Во истражуваните фирми безбедноста и здравјето на работата е на просечно ниво.

Најголемо незадоволство, покрај ниската плата, работниците искажуваат во однос на нормите, а ниска е довербата во трудовиот инспекторат.

-Работниците велат дека нормите се превисоки и не може да ги исполнат. Брзото темпо на работа води кон замор, исцрпеност, монотоност. Постојат дискриминација и мобинг. Работниците не веруваат во синдикалните здруженија и за нив не се познати синдикатите дека постојат. Имаат страв да го контактираат трудовиот инспекторат. Се откри и случај кога на работник му беше прекршено работничкото право. Следуваше контакт со трудовиот инспекторат. И покрај тоа што работникот постапил согласно законските прописи, не добил ниту извештај од Државниот трудов инспекторат, ниту одговор од компанијата за неговиот работен статус.Иако е јасно дека работничките права му с епрекршени, неговиот случај стагнира и е без резултати, објаснува Исмаилоска.

Според Рубинчо Аризанкоски, претседател на невладината „Достоинсвен работник“ истражувањето е во рамките на проектот, финасиран од ЕУ, насловен „Не биди роб- информирај се за своите права“. Целта е да се привлече вниманието на институциите и на јавноста за експлоатацијата на работничкиот труд.

-Овие теренски истражувања беа во насока на испитување на условите во кои работат текстилните работници, исплаќањето на трудот, почитувањето на работничките права и дали ги уживаат истите права во текстилните компании од аспект на користење на институционалните механизми, почитувањето на безбедноста и здравјето при работа. Паралелно, преку спроведувањето на овој процес, се истражување дали работодавците ги унапредуваат позициите на работниците и дали ги овозможуваат условите за работа, како подобрување и унапредувањето на нивните права или дали се прекршуваат.Основната цел на овој проект е застапувањето на правата на работниците, вршење притисок на донесувачите на одлуките и да се алармира јавноста за важноста на прашањето на трудовата експлоатација. Воедно е битно да се воспостави механизам за информации и превенција против трудовата експлоатација. Од една страна, работодавците се жалаат дека нема доволно работници, а од друга страна, пак, не ја зголемуваат минималната плата, а мора и да ги унапредат правата на работниците, рече Аризанкоски.

Трудовата инспекција доволно не си ја врши работата во контролата на работењето на текстилните компании кога се во прашање работничките права. Неропходни се формирањето и функционирањето на општинските економско-социјални совети.

-Се појавува проблемот на комуникацијата на рбаотниците со државниот трудов инспекторат кој не ја врши доволно својата работа, односно контролата на работењето на текстилните компании во земјава. Формирањето и функционирањето на економско-социјалните совети се во полза на работниците, зашто се вклучени синдикалните здруженија, но и на работодавците зашто според прописите на Еу се исполнуваат основните параметри заљ заштита на работничките права и на зајакнувањето на компаниите за пласман на европските пазари, појаснува Аризанкоски.

Во Прилеп има преку 2.000 текстилни работници, а во земјава се, според невладината „Достоинствен работник“ и преку 25.000 вработени.

rbotnicki pravatekstilni rabotnicki

Би можело да ве интересира

Околу 100 работници кои добија отказ од штипска „Баргала“ поднесуваат приговори

Жарко Настоски29/06/2021 - 16:21

Штипските текстилни работнички се откажаа откако протестот им се покажа залуден

Жарко Настоски03/06/2021 - 15:50

„Гласен Текстилец“: Коронавирусот затвора конфекции, а работниците се отпуштаат од работа

А1он04/07/2020 - 13:5704/07/2020 - 14:18

Затворена штипската конфекција во која има нови позитивни случаи на Ковид-19

А1он17/06/2020 - 16:0517/06/2020 - 17:54

Првпат во историјата не работат штипските текстилни и кожарски фабрики, земени се 200 бриса

Ана Василевска05/06/2020 - 15:5505/06/2020 - 15:59

Влада: За продолжениот викенд се забранува работа за текстилните и кожарските фабрики во Штип

А1он04/06/2020 - 15:3004/06/2020 - 17:35
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен