Околу 100 работници кои добија отказ од штипска „Баргала“ поднесуваат приговори

Од:

Стоте работници од штипската фабрика за производство на обувки „Баргала“ кои пред четири дена добија отказни решенија поради кршење на работен ред и дисциплина денеска во канцеларијата на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) поднесуваа приговори. Работниците тврдат дека неосновано се избркани од работа.

–На 11-ти сум била на работа, ме пуштија и ми рекоа дека ќе бидам на повик и вчера ми стигна отказ бидејќи на 16-ти не сум се јавила, а јас чекам повик. Секогаш било така, не само сега, изјави Македонка Данева, вработена во „Баргала“, која за четири месеци треба да оди во пензија.

–Не избркаа како кучиња! Не сме биле три дена на работа. А ние не три дена, три месеци не сме на работа, вели работничката Борка Стоиловска.

Сојузот на синдикати со став дека отказите на стотината работници ќе се најдат и пред Јавното обвинителство. Весна Кузманово-Тодоровска, претставник на ССМ, вели дека отказите на работниците им се дадени на незаконски начин.

-Од страна на претпоставените им било кажано да не доаѓаат на работа се додека не бидат повикани. Во конкретниот случај се работи за класична измама. Вчера поднесовме пријава до Државниот трудов инспекторат, а сега подготвувавме материјали да поднесеме пријава до Јавното обвинителство, рече Кузманова-Тодоровска.

Менаџерот на штипска „Баргала“ Наум Барзов изјави дека отказите не се поврзани со протестот, а оти за ставот на синдикатот и на работниците не може да одговори, оти не ги знае деталите. Смета дека синдикатот на работниците не им ја објаснил докрај правната постапка.

-Тие немаа најавено штрајк, туку организираа протест, што е нивно законско право. Тие имаат право да ги користат сите правни механизими. Но по протестот беа повикани да се вратат на работа. Работниците тоа не го направија и бидејќи три дена последователно не се јавија на работа, според Законот за работни односи им врачивме отказ, изјави Барзов.

Кристина Ампева од НВО „Гласен текстилец“-Штип смета дека за овој случај мора да се смени и основот за отказот бидејќи на овој начин, работниците ги губат сите права што им следуваат во случај на невработеност.

-Урнек во целата постапка треба да им е пресудата на Основен суд–Штип, во која е наложено да се смени основот на отказот за една од двете работнички што пред неколку месеци добија отказ од „Баргала“, рече Ампева.

Би можело да ве интересира

Со автомобил удрил во маса на која седела жена и нејзиното семејство, потоа настанала тепачка

Сообраќајка во Штип: Со автомобил удрил во три паркирани возила, а повредил и пешак

Горан Наумовски

Во Штип се одбележаа 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта „Треблинка“

Кривична пријава против 26 лица, го оштетиле Буџетот на општина Штип за над 18 милиони денари

Штипјанец физички ја нападна поранешната девојка и нејзиното момче

А1он

Најдена дрога при претрес на куќа во Штип, меѓу приведените и 22 годишна девојка

А1он