А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Затворена штипската конфекција во која има нови позитивни случаи на Ковид-19

by А1он17/06/2020 - 16:0517/06/2020 - 17:541038
Share0

Текстилната конфекција во која деновиве се регистрираат позитивни случаи на Ковид 19, а денеска има уште неколку работници кои се заразени, се затвора на седум дена.

Следете a1on на Instagram Instagram

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, кој раководи со кризниот штаб вели дека утринава имал разговор со сопственикот на конфекција, кој му соопштил дека во интерес да не се шири заразата меѓу вработените, донел одлука процесот на производство да мирува.

-Апелираме работниците кои не одат на работа, но и оние кои се во изолација или имаат контакт со заразени со коронавирусот да седат дома и да се придржуваат на мерките, вели Бочварски.

Бочварски и здравствените власти потврдуваат дека денеска има регистрирано и случај на една заразена работничка во чевларска фабрика во Штип. По овој случај од оваа фабрика во самоизолација заминуваат уште тројца вработени, со кои имала контакт.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во Штип во моментов во изолација има вкупно 450 лица, а оваа бројка деновиве почнува да се намалува.

koronavirus mkdstiptekstilni rabotnicki

Би можело да ве интересира

Клековски: Формирана e комисија за надзор над случајот со родилката од Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци

Горан Наумовски19/08/2026 - 13:4819/08/2026 - 13:50

38-годишен штипјанец почина во својот дом

Горан Наумовски08/08/2026 - 16:2208/08/2026 - 16:22

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници

Катерина Ѓуровски22/07/2026 - 12:46

Гори борова шума над филтер-станицата кај Штип

А1он04/07/2026 - 20:0904/07/2026 - 20:10

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Горан Наумовски21/06/2026 - 12:32

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски18/06/2026 - 14:2018/06/2026 - 14:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео