Анализа на медиуми: Груевски, Владата и ВМРО-ДПМНЕ се всушност едно исто

Од:

Начинот на известување на провладините медиуми во текот на март и почетокот на април дека јавниот имиџ на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ и особено на нејзиниот лидер Никола Груевски целосно зависи од сликата што медиумите ја презентираат во јавноста за нив и за нивните политички опоненти. Ова е дел од четвртиот месечен извештај на Институтот за комуникациски студии (ИКС) од следењето на медиумските содржини емитувани на МТВ и на комерцијалните телевизии со национална концесија во периодот од 12 март до 8 април 2016 година.

„Никола Груевски, ВМРО-ДПМНЕ и Владата се всушност едно исто – Една од главните цели во известувањето на телевизиите блиски на власта беше Груевски, како симбол на ВМРО-ДПМНЕ, да биде што поприсутен на екраните, да се претстави во максимално позитивна светлина, а да се поклопат, занемарат и нападнат сите критички гласови кои откриваат компромитирачки факти и информации за работењето на врвни функционери од владејачката партија, вклучувајќи го и самиот лидер. Независно што тој поднесе оставка од функцијата премиер, медиумите блиски до власта и натаму продолжија интензивно да ги следат неговите активности на терен во кои тој зборува за проектите на Владата и на граѓаните им ветува решавање на проблеми. На тој начин, беше избришана границата меѓу партијата и државата.

Известувањето за СДСМ како привид за политичка балансираност – Иако официјалната изборна кампања се’ уште не е започната, активностите на терен на опозицијата (кои наликуваат на изборна кампања) и во овој период беа покривани главно од провладините телевизии. Медиумите немаат законска обврска да известуваат за вакви активности во период кога не е кампања, па оттаму и заклучокот дека се работи за намера да се создаде лажна слика за некаков баланс во известувањето, особено за да се оправда интензивното појавување на Груевски на телевизиските екрани.

Дискредитација на СЈО како политички инструмент на СДСМ – Усогласената реторика на провладините телевизии во известувањето за Специјалното јавно обвинителство ја рефлектира стратегијата за настап на владејачката партија која се потпира на експлоатација на чувството на страв и на поттикнувањето омраза кон организации, групи или поединци кои претставуваат „потенцијална закана“ (реална, преувеличана или целосно измислена) за „државата“ или за „народот“. Меѓутоа, вистинската цел на таквото портретирање е всушност да ги замолчи или релативизира сите критички гласови кои ги загрозуваат интересите на владејачката елита и да воспостави општествена контрола.“, се наведува во извештајот на ИКС.

Заклучоците во извештајот се добиени врз основа на квалитативна анализа на 11 програми на вести и 38 изданија на 11 различни актуелно-информативни емисии на јавниот сервис (МТВ1 и МТВ2) и на 7 приватни телевизии (Сител, Канал 5, Алфа, Телма, Алсат М, 24 вести и ТВ21).

Извештајот е изработен во рамките на проектот „Мониторинг на демократијата во Македонија (МОДЕМ)“, кој има за цел да утврди дали медиумите ги почитуваат професионалните стандарди во известувањето за политичките актери утврдени во Кодексот на новинарите на Македонија и во кодексите на меѓународните организации во текот на предизборниот период.

Повеќе информации за МОДЕМ ќе најдете на овој линк

Би можело да ве интересира

СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски