АНАЛИЗА: Младите жени на удар на нов закон – ќе има ли дискриминација?

Од:

Полова дискриминација, трошок за компаниите, селективност при варботување – проектот што го најави директорката на Фондот за здравствено осигурување, според кој фирмите се тие што ќе ги исплаќаат надоместоците за породилно отсуство и боледувања предизвика сериозни реакции во јавноста.

Дел од бизнисмените коментираат дека ова законско решение може да биде проблематично од повеќе аспекти, а експертите за човекови права предупредуваат дека овој модел може да биде вовед во нова дискриминација за младите лица од женски пол.

Мажите со подобар статус во фирмите, жените на листа “неактивни“…

Фирмите сами, во пакет со платата ќе ги исплаќаат надоместоците и платите за породилно отсуство и боледување, а потоа државата ќе го компензира трошокот. Ова решение што го најави директoрката на Фондот за здравствено осигирување, првично требаше да стапи на сила по Нова година. Имено, овие надоемстоци што сега се исплаќаат преку државните фондови, треба да паднат на товар на фирмите.

Се работи за мерка која е дел од партиската програма на ВМРО-ДПМНЕ и која, според креаторот треба да обезбеди навремена исплата на вработени по оваа основа.

“Се работи за словенечкиот модел, фирмите ќе ги исплаќаат боледувањата и породилните надоместоци на ист ден со платите, додека ФЗО ќе го компензира трошокот на работодавачот.
Проектот ќе се одвива на следниот начин-фирмата му го исплаќа надоместокот на вработениот, а Фондот на фирмата. Со овој проект ќе се обезбеди континуитет во приливот на средства на граѓаните во услови кога им се најпотребни во ист датум како и платата на нивните колеги“, изјави неодмна директорката на Фонодот за пензиско осигурување Маја Парнарџиева Змејкова.

Што ќе значи овој модел за работодавачите и за вработените?

Со самиот факт дека фирмите ќе треба веднаш да ги исплаќаат овие надоместоци, тоа значи дека приватниот сектор е тој што ќе ја подржува Владата за да добие на време – вели за “Поратлб“ Арбен Халили од Стопанската комора на Македонија.

“Државата добива во време, односно прави некаматно кредитирање, бидејки тој трошок го фактурира сега кај компаниите. Компаниите добиват зголемување на трошоците во одреден периот. Замислете мала компанија со 10-15 вработени. Ако се случи хипотетички четири жени во еден период да одат на породилно, тоа значи тека на компанијата и се зголемуват овие трошоци до 40% во период од 9 месеци. Која е таа компанија која ке може да го сноси тој товар. Доплнително, независно ќе биде кога фирмата ќе може да си ги вради средствата од Фондот. Периодот од денот на дуплирање на овие трошоци до моментот на наплата на овие средства од фондот, за многу компании кои се мали може да биде кобен“ – вели Халили.

Според универзитетскиот професор Мирјана Нјачевска, вакавото решение ќе биде проблематично за младите жени.

“Ова решение сметам дека ќе влијае да се зголеми нееднаквиот третман и пристап на работудавачот кон жените. Ако едена фирма знае дека ќе се изложи на екстра – трошоци во дадаен момент, тоа ќе значи и усложнување на состојбата поради што ќе се бара начин тоа да се избегне. “ – оценува професорката Најчевска за “Порталб“ и додава:

“Ваквото решение сметам ќе придонесе да се зголеми неконкурентноста на жените на пазарот на труд и затоа велам дека тоа може да биде фактичка основа за дискриминација. Роботодавачите ќе бидат поттикнати да бараат и вработуваат мажи и по цена можеби на поквалификувана женска работна сила. Наместо да си создаваат потешкотии и компикации а и да бидат во неизвесност на кој начин ќе си ги вратат парите, работодавачите ќе се одлучат за поедноставната варијанта, да вработуваат мажи. Сето ова ќе ги зголеми и така постоечките економски и социјални разлики меѓу мажите и жените“ – вели професорката.
Според официјалните податоци од Заводот за статистика, и сегашните бројки укажуваат на драматични разлики во стапката на вработеност на межи и на жени.

Така, заклучно со вториот квартал од годинава, стапката на вработеност мажите изнесувала 52% а кај жените 35%. Еве што покажуваат податоците за бројот на вработени лица според полот:

Вкупен број на вработени 678 467
Мажи 404 297
Жени 274 170

Ова значи дека од вкупниот број вработени скоро 60% се мажи а 40% се жени. Уште една негативна статистика покажува и мерењето на работниот статус на мажите и на жените. Така, според податоците од едицијата “Мажи и жени“, што ја издаде Заводот за статистика се посочува дека значајно е поголем бројот на мажи од жени кои се “формално“ вработени.
Вработувања, статус 2012 та година :

Формално вработени мажи 301 517
Формално вработени жени 202 741

Кај “неформалните вработувања, оваа разлика е помала, имено во 2012 та година статуст на “неформално“ вработени имале 91 илајда мажи и 55 илајди жени.

Според професорката Најчевска, како покажател дека сепак има полова дискриминација се и податоците за активното и неактивното население. Имено, според официјалните мерења, во вториот квартал од годинава во земјава имало нешто повеќе од 716 илјади неактивни лица, Од нив повеќе од половина се жени.

Неактивно население – жени 451 393
Неактивно население – мажи 264 703
Она што според експертите алармира е трендот на натамошен раст на неактивното женско населени додека кај неактивното машко население се забележува тренд на намалување.

Од друга страна бизнисмените велат дека решението предвидува компензација на трошокот, но прашуваат дали во одредени рокови и навреме ќе им бидат вратени парите и на кој начин.
Додека активистите и експертите за човекови права аламираат дека новиот модел наместо навремена исплата на надоемстоци, ќе ја зголеми опасноста од полова дискриминација, креторот тврди дека позитивен ефект од решението ќе имаат околу 30 000 граѓани кои користат боледување.

Според официјалните податоците на Фондот за здравство, лани биле исплатени речиси 28 милиони евра за породилно отсуство.

Порталб

Би можело да ве интересира

„Министерката ми се закани дека ќе ме избрка“: Советничка во МОН била вознемирувана од Шаќири и Царовска

A1on

Османи: Сестра ми работи во М-НАВ веќе 15 години, за критериумите прашајте ги таму

Се вселила во стан во Скопје, соседите ја избркале по еден ден оти била Ромка

A1on

Влада: Над 4.800 нови работни места во ТИРЗ за три години, во октомври рекордно 17.769 вработени граѓани

Новиот поткаст: „Што го врти светот?“ со Јована, почнува денеска во 20 часот

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

A1on