Што поголемо Его помала интелегенција и обратно
Сакам да се повикам и да цитирам еден врвен ум, Меша Селимовиќ. Во своето дело Тврдина, зборува за оној вид на луѓе кои се најлоши на свет, најштетни, најрасипани. Тие ја поддржуваат секоја власт, бидејќи и се со власта, тие сејат страв без милост, без никаков обзир, студени како мраз, остри како нож, како кучиња верни на секој што ги храни, како курви неверни на секој поединец, најмалку луѓе, а повеќе нелуѓе.
Додека нив ги има нема да има среќа на овој свет, бидејќи ќе уништат се што е вистинска човечка вредност. Тие луѓе, нелуѓе се ПОЛТРОНИТЕ-у0лизиците. Класични експерти за анален алпинизам модерно наречени супозитории. Па тоа е реалност во Македонија од памтивек. Уште од стари времиња до ден денеска не е искоренет тој вид . Најжалосно е што народот трпи од таквите премногу, поединци, фамилии и кој ли уште не.
Примери има премногу што во реалниот и обичен живот на еден граѓанин па се до политиката. Се сеќавам на сликата каде на онаа мака и голгота што ја доживееа луѓето од поплавените региони некој се смееше, а најмногу полтроните околу семоќниот фирер. Таа слика реков никогаш нема да ја избришам од својот ум, бидејќи сфатив дека тие околу него се тој најгнасниот тип на луѓе кои тој ги има хрането, а тие му се имаат напикано најдлабоко во дебелото црево и таму се пентерат и гребат, а фала Богу тој им дава и ги товари.
Експерт за се па и по се, шефот на кризниот штаб Тодороф, се има искачено највисоко и сега мисли дека нема излегување од таму а всушност појак гас под компримиран притисок и излетува како лист на ветер. Добро се понудија толку многу решенија, а ништо не се испочитува дури и се лаже бескрајно. Па добро бре до кога така? Нели ја научивте лекцијата дека на лагата и се кратки нозете ама кај вас испаднаа кратки и чизмите и панталоните и умот.Уште ќе молчите ?
Жителите молат за помош сеуште , се покажаа илјадници проблеми од мртвите животни во распаѓање, а вие не мрдате со малото прсте. Ги пуштивте полтрончињата да лажат ноторно само да не сте вие за да ве плука народот. Секоја чест ве бива за копрофагија неверојатно. Повторно се појавија нови проблеми со помошта за самите граѓани , пак излажани пак по милионити пат. Па на кого да веруваат на фирерот или на полтрончињата? Казната мора да ве стигне сите и редно ќе биде. Не мислите за народот како што лажевте до сега, покажавте неверојатно лицемерие. Впрочем само на тоа сте научени и на полтронизам. Должни сте сите улизици да 10 години вратите на овој народ, 10 години мака и голгота, заминати фамилии, деца во туѓина, уништени животи, фирми, затворени куќи , неправилно затворени и малтретирани,убивани, ограбувани од сопствената држава. Вие бевте орудието со кое сето тоа се изведе, вие кои наштетивте на се, злоупотребивте се, законите ги изменивте, факултетите ги дискредитиравте, струките и стручните лица ги ослепевте и уќутавте.
Фирмите ги купивте и газдите ги направивте исто полтрончиња да ви служат, а тие ќе се истепаат кој подобар да биде во аналниот алпинизам. Како поука од вас треба да се извади како не треба да се биде полтрон никому кога се работи за доброто на народот и државата. Шефу на кризниот штаб уште неколку кратки прашања до кога нема да ги почитуваш законите? Второстепените комисии од стручни лица? До кога ќе протежираш фирми кои заработуваат на маката на народот? Незаконски ќе поништуваш тендери, знаеш и кои имаш долг список нели? До кога ќе спроведуваш тортура врз медицината и нема да мислиш на пациентите? Се надмина и во овие кризни моменти кога изнесе само безброј невистини пред народот, место да се бориш за него ти покажа лицемерие и полтронство, секако опкружен си и со многу полтрони и ти ама народот го веќе виде сето тоа. Се надевам дека нема да ни се случи никогаш повеќе ова што го видовме овие 10 години од вас. Се надевам во чисти, чесни луѓе борци за да можеме да го зачуваме и онаа малкуто што има останато од државичкава. Никогаш се неповторило ова вашето.
Ангелчо Андоновски