Анакиев: Институциите се глуви на пораките на експертите

Од:

Борис Анакиев, професор во пензија на Земјоделскиот факултет, во неделното интервју на Радио Слободна Европа, вели дека за жал, ние на чело на Министерството имаме некомпетентни луѓе кои не се разбираат во земјоделството.

„И највисоко поставените советници исто така не се агрономи. Мислам дека тука има сериозни грешки кои мора да се исправат“, вели Анакиев.

Институциите, вели, се глуви на пораките на стручњаците? Како реагираат тие?

„Никој не ве ферма, како реагираат. Нашиве научни институти имаат директори кои не можат да се побунат, кои се, како што знаете, партиски функционери и тоа така си тече, но тие не се виновни. Не се виновни што генерално нема идеи, ни Министерството за земјоделство нема идеи зошто ни се случуваат вакви работи, зошто ние не можеме да го покренеме приносот на пченица од 3 тона по хектар, три тона по хектар не е исплатливо. До кога мислиме дека на овој начин ќе го штитиме домашното производство? До кога? Тоа не можеме постојано да го правиме, еве сега Србија најавува дека ќе не блокира итн., ние лошо име стекнуваме на светскиот пазар со тоа што реметиме или со административни мерки спречуваме увозот“, вели Анакиев.

Би можело да ве интересира

Донации од 200, 500, 1000 денари: Ванковска кажа колку пари легнуваат на наменската сметка за изборите

Граѓаните преку Буџетот донираат во секоја партија без разлика за која гласаат: Ревизорите ги објавија приходите и расходите на 42 партии

Орце Костов

(ВИДЕО) Арсовска: Јас сум најнапаѓаната личност во Македонија, нападите се инспирирани од многу страв

Александар Тодески

Финансирањето на телевизиите со државни пари ги сплоти СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: „Законот за поткуп на медиуми“ќе се носи по скратена постапка

Орце Костов

Политичарка ги фотошопираше плакатите пред избори: Оправдувањето е урнебесно

(ВИДЕО) Пашкулев од БГНЕС: Во времето на Зоран Заев антибугарската пропаганда беше на најниско ниво

Орце Костов