АМСМ: Излеана вода на патот Маврово-Галичник, магла кај Страцин и Плетвар

Од:

Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) известува дека поради излевање на вода отежнато се одвива сообраќајот на патот Маврово-Галичник, 100 метри пред Царева Чешма. Поставена била соодветна сигнализација и предупредуваат тој пат да не се користи до санирање и нормализирање на сообраќајот.

Од АМСМ информираат дека се уште се на терен екипи за санирање на поплавата на подвозникот кај клучката Матка во близина на бензиската станица „Бис Оил“. При поплавувањето настанал и дефект на водоводната мрежа на ЈП „Водовод и канализација“, а биле заглавени и четири возила.

Сообраќајот на државните патишта низ Македонија се одвива по влажни коловзи, а намалена видливост поради магла има кај Страцин и Плетвар.

Снег врне на Попова Шапка, но во моментов не се задржува на коловозот.

Би можело да ве интересира

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

Магла на патиштата во Струмица и Тетово

Сообраќајот на Плетвар е во прекин поради сообраќајна несреќа

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

Орце Костов

Изгасната е цистерната, отворен е патот Струмица-Радовиш

Катерина Ѓуровски