Ампева: Работниците да не потпишуваат празни листови или спогодбени откази

Од:

Работниците да не потпишуваат спогодбени откази, ниту пак празни листови. Првите вакви случаи ги забележавме во странските компнаии, но и во текстилните фабрики, алармираше денеска Кристина Ампева од НВО „Гласен Текстилец“-Штип.

Таа забележува дека ваквите измами и потпишувања на спогодбени откази за работниците ќе значи дека ќе немаат никаква правна помош, а работодавачите ќе можат да ја добијат државната помош, која е дел од мерките за коронавирусот.

Реагирано е и до Трудовиот инспекторат за работнички кои дознале дека се одјавени, откако отишле кај својот матичен лекар, кој им кажал дека немаат здравствено осигурување.

-Најголем дел од работниците не ни знале дека се одјавени, значи тие оделе на работа, а кога одат на доктор гледаат дека немаат здравствено осигурување и дека всушност се одјавени многу поодамна. Најмногу страдаат мајките на деца под 10 години и хронично болните. Такви примери имаме и во Штип, вели Ампева.

Таа побара Владата под итно да побара список од Агенцијата за вработување и да се виде точната бројка на вработени во реалниот сектор, а во оние фирми каде ќе се утврдат вакви неправилности да се избришат од листата за државна подршка како дел од мерките за справување со корона вирусот.

Дел од компаниите веќе ги испратија работниците на колективен одмор, но тоа не е и случај кај поголемиот дел од компаниите во Штип. Ампева забележува дека апелите на градоначалникот на Штип Благој Бочварски резултирале и превозниците ги дезинфецираат автобусите и комбињата. Во поголемиот дел од автобусите нема метеж, а работниците користат заштитни маски. Сепак од Гласен Текстилец сметаат дека е време сега да се даде вториот дел од годишниот одмор за минатата година, со цел Ковид 19 да не влезе во фабриките.

Би можело да ве интересира

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“

Кривична за пироман од Штип: Изгореа делови од две куќи, гаража, шума…

Четворица од обвинетите за убиството на турски државјанин во Штип остануваат во притвор, судењето закажано на 27 ноември

И го искршил черепот, ја исекол на делови и трупот го закопал во двор – детали за убиството во Штип

Убиство во Штип: 74-годишен маж со нож уби жена и телото го закопа во двор

Горан Наумовски

Во Штип гласаат 152 болни и немоќни лица