Американската амбасада организира Саем на колеџи во САД

Од:

По повод Меѓународната недела на образование, на 16 ноември 2017 година, од 17 до 19 часот, во Културно информативниот центар (КИЦ) во Скопје, Амбасадата на Соединетите Држави во Македонија ќе го организира четвртиот годишен Саем на колеџи во САД. Настанот е отворен за јавноста, влезот на Саемот е бесплатен.

Дваесет претставници од заедницата на Амбасадата, вклучително и заменик-шефот на мисијата, Микаела Швеицер – Блум, ќе презентираат различни аспекти од своето искуство на американски колеџ, а ќе бидат на располагање и да одговараат на прашања за високото образование во Соединетите Држави.

Советниците на EducationUSA ќе даваат информации за процесот на аплицирање на универзитетите во САД, како и за услугите што студентите можат да ги добијат во центрите на EducationUSA во Македонија. Освен тоа, советникот за образование од Амбасадата на САД ќе биде таму да одговара на прашања за можностите за добивање стипендии од владата на САД и за програмите на образовна размена.

Би можело да ве интересира

30 евра чини патниот лист за граѓаните со неважечки пасош кои треба да се вратат во Македонија

A1on

МНР го раскина договорот со фирмата од Зајас за која имаше сомнеж дека е донатор на ДУИ

A1on

Приведен охриѓанец кој телефонски се заканувал на амбасадор

А1он

Амбасадата на Италија го осуди сквернавењето на италијански споменик во Битола

Катерина Ѓуровски

Протестна нота на Србија до македонската амбасада во Белград за згрешената поштенска марка со „Голема Хрватска“

А1он

Амeриканската амбасада организира Саем за образование со универзитети од САД

Ана Ололовска