Сите амбасадори од Европската унија во Скопје изразуваат силна подршка за независноста на специјалниот обвинител Јанева и нејзината работа, напиша на твитер евроамбасадорот Аиво Орав.
Амбасадорите денеска отидоа кај Катица Јанева во Специјалното јавно обвинителство и од таму испратија заедничка фотографија на која се наоѓаат евроамбасадорот Аиво Орав и сите дипломати, односно претставниците на Франција, Холандија, Германија, Шпанија, како и амбасадори од други земји членки на Европската унија.
All EU Ambassadors in Skopje expressed strong support to independence of Special Prosecutor Janeva and to her work pic.twitter.com/Nl8ROkYwLx
— EU Ambassador (@AmbassadorEU) February 9, 2016
Фотографијата е силна порака до власта да престане преку институциите и блиските медиуми да врши притисок врз Специјалното јавно обвинителство како и тоа дека Јанева ја има поддршката на ЕУ да ја заврши работата за која што е избрана.
Опомена стигна и пред некој ден од американската претставничка во ОБСЕ која побара од ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски јавно да ја поддржат Катица Јанева.