Амбасада на Германија: Принципот на владеење на правото да биде почитуван од сите страни

Од:

Германската Сојузна Влада е длабоко загрижена за вчерашната најава на Ѓорге Иванов и очекува принципот на владеење на правото да биде почитуван од сите страни, се наведува во соопштението од амбадата на Германија.

– Се надеваме дека состојбата во државата и во општеството правно и политички нема да се заострува понатаму и дека јавната безбедност ќе остане сочувана. Освен тоа, Сојузната Влада се надева на брзо разјаснување на правните и политички прашања, кои произлегуваат од најавата на Претседателот на државата, стои во соопштението.

Од особено значење е, како што се посочува, Специјалното јавно обвинителство, како што е предвидено со Договорот од Пржино, да може непречено да ја продолжи својата исклучително важна работа за институционално стабилизирање на државниот систем, која многу се цени од голем дел од македонското општество и од меѓународната заедница.

– Покрај тоа, сите партии би требало да ги засилат своите напори за создавање минимум предуслови за избори, соодветни на европските стандарди, стои во соопштението од амбасадата на Германија.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска

Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Жарко Настоски