Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

Од:

Огласите за вработување во државните институции, министерствата и јавните претпријатија кои распишаа конкурси на месец и пол пред формирањето на техничката Влада, според министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу не се предизборни вработувања туку решение на Владата да се најде начин вработени кои работеле со години на определено време да бидат вработени на неопределено време.

– Ова не се нови вработувања, туку вработувања на луѓе кои преку агенциите беа дел од истите институции. Со новите закони, од 2025 година, нема да може да има вработувања преку агенција за привремени вработувања. 2024 година ќе биде година на оптимизација на човечките капацитети во сите институции според новите закони.

Процесот е отворен, за да немаме вакви критики, не се донесе одлука директно истите луѓе кои со години работат да се префрлат од определено на неопределено, туку процесот е отворен и сега може да конкурираат и луѓе кои не се дел од тие институции “, истакна министерот Азир Алиу.

На интернет страницата на Агенцијата за администрација преку која се реализираат овие вработувања има над 80 огласи во кои се бараат нови административци.

Државната компанија ЕСМ која опстојуваше за време на енергетската криза до директна владина помош, сега вработува 500 лица.

Голем дел од министерствата преку оглас бараат нов персонал, а нови вработувања се потребни и во Јавните општински претпријатија и во поголем дел од општинските администрации.

Фондот за здравствено осигурување бара 41 работник за 36 позиции, Министерството за надворешни работи ќе прими 15 извршители, во транспорт и врски ќе се вработат девет нови луѓе, во МИОА ќе се вработат осуммина, а исто толку позиции се отворени и во Општата болница во Велес.

На сајтот на Агенција се бара кадар и за во јавните претпријатија и десетина Агенции меѓу кои се и онаа за странски инвестиции, во Агенцијата за примена на јазикот.

Би можело да ве интересира

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Лозанче тврди дека се констатирани неправилно оперирани пациенти, Алиу ќе бара уште една потврда

ВИДЕО: Од анализирани 19 случаи, кај 10 утврдено дека се непотребно извршени кардиохирушки операции

Катерина Ѓуровски

Алиу за случајот со починатата пациентка: Ќе потпишам да се формира стручна комисија

А1он

Алиу: Го адаптираме законското решение за проблемот со тумор маркери за онколошки пациенти

Алиу: Нашата коалиција е сигурна и посилна – по десет години има нов амбиент во државата

А1он