Алиу: ДУИ да ја напушти Владата во интерес на Албанците

Од:

И ДПА му откажа „љубов“ на спикерот Велјаноски. Координаторот на ДПА Имер Алиу, соопшти дека сега е моментот за да се спречи донесувањето на Законот за бранителите.

ДПА се повлекува од координациите кај Велјаноски, поради Законот за бранители. Од партијата велат дека станува збор за еднонационален антиалбански закон

Алиу ја повика ДУИ, доколку нема претходен договор со ВМРО-ДПМНЕ да ја напушти Владата бидејќи, вели страдаат Албанците

ДУИ веќе соопшти својот став дека нема да го поддржи Законот за бранители доколку во него не се вметнат и борците на ОНА, а доколку мнозинството во Собранието го усвои во сегашната форма, од партијата рекоа дека сите опции се отворени. Има информации дека ДУИ може, ова да го блокира и со поднесување на илјадници амандмани.

ВМРО-ДПМНЕ остануваат на ставот дека не го повлекуваат законот. Премиерот Груевски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да се гази достоинството на македонскиот народ во замена за владејачка позиција.

Законот за бранителите на Комисијата за труд и социјална политика ќе се разгледува во среда.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието