Алијанса за Албанците: Можен е договор помеѓу Заев и Мицкоски за ослободување на напаѓачите од 27 април

Од:

Од Алијанса за Албанците се сомневаат на можен договор помеѓу Заев и Мицкоски на лидерската средба за ослободување на учесниците за насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година. Вчерашиот протест со кој се бараше ослободување на осудените за настаните во Собранието за оваа партија е срамен и скандалозен, затоа што според нив правдата не може да биде задоволена со договорени амнестии за политичари и нарачатели за упадот во Парламентот.

„Настаните од 27 април за жал се уште не се расчистени до крај. Освен тие што веќе завршија таму каде што им е местото, во затвор, има и многу други кои треба да бидат таму, но со помош на сегашната власт успеаjа да побегнат од правдата. Кога сме кај вчерашните протести, клучното прашање е дали можеби барањето за ослободување на терористите е договорено на последната средба помеѓу Заев-Мицковски, а аргументот за тоа е сведочењето на Заев во судските процеси за 27 април, при што самиот се поставува во улога на сведок и одбрана на обвинетите без да го прашува никој.

На нас како држава ни треба правда, а не амнестирање на криминалци и политичари кои на 27 април извршуваа наредби за убиства и насилство. Политичарите, без разлика кои се, треба да извлечат поуки од минатото, за да не ни се повторува истато во иднина” велат од Алијанса за Албанците.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Извозот во септември пораснал за 22 до 23 отсто, разликата со увозот е историски најголема

Левица: Игнорантниот Мицкоски прашува „Каде има корупција?!“, Рокас му одговара – во вашата власт, премиере!

Горан Наумовски

Мицкоски: Обвинувањата на опозициската СДСМ за фингирање на јавниот долг се саботажа

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски

Мицкоски: Грешките од минатото се тешки како планини, но Македонија денес е држава за почит

Горан Наумовски

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра