Алијанса за Албанците и Алтернатива: Оваа влада е измамничка и нелегитимна

Од:

Денес, кога јавноста беше известена дека е постигнат договор за ко-владеење помеѓу СДСМ и ДУИ, коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива изјавува дека станува збор за измама и нелегитимна влада, реагираат од коалицијата откако Зоран Заев и Али Ахмети ја претставија новата владина коалиција.

„Како прво, е измамничка, затоа што и двете страни сериозно ги измамиле граѓаните и второ, е нелегитимна, затоа што партнер на оваа влада станува партија кој насилно и манипулативно ја ограби политичката волја на Албанците. Прво, ДУИ измами, што денес го прекрши единственото предизборно ветување за албанскиот премиер и второ, го измами СДСМ, која пред изборите рече дека „во никој случај нема да се формира коалиција со ДУИ “. Затоа, за нашата коалиција, оваа влада не заслужува никаков политички респект и, како таква, ќе се соочи со 12 пратеници и народ кој нема да дозволи измама и узурпација на политичката волја“, стои во соопштението.

Од коалицијата велат дека Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе бидат бранител и непоколеблив војник против оваа нелегитимна и измамничка влада.

„Од утре сме на офанзива за, со сите демократски средства да ја вратиме демократијата, да престанеме со манипулацијата со политичката волја и да престанеме со измамата што виси како навика на главата на една земја која се стреми кон Европската унија“, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Шокиран сум од мешањето на ДУИ и СДСМ во случувањата во Алијанса

Ковачевски: СДСМ ќе гласа согласно предлогот на Владата и ставот на пратениците на Алијанса

АА: Демири и Бајрами за министри за здравство и информатичко општество и администрација

Горан Наумовски

Таравари: Фрлениот куршум има јасна заканувачка мафијашка порака, но не можете да замолчите, убивате, запрете народ

Предраг Петровиќ

Куршум пред вратата на домот на Таравари, физички напад врз Небиу – гори конфликтот во Алијанса за Албанците

Анита Петровска Рајковиќ

Таравари сака Алијанса сама да оди на избори, но ќе почитува ако партијата реши да коалицира со ДУИ