Алијанса за Албанците и Алтернатива најавија Марш за демократија

Од:

Маршот за демократија не е само протест, туку е јавен израз на волјата на албанскиот граѓанин во Северна Македонија, кој по последните избори смета дека сериозно се оштетени демократијата и начинот на изразување на слободната волја на албанскиот граѓанин, инаформираа во пресрет на утрешниот марш од Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Маршот ќе започне во 19 часот од паркот Чаир во Скопје, потоа ќе помине пред Влада и е планирано да заврши пред канцелариите на Делегацијата на Европската Унија.

– Како знак на револт за потиснување на највозвишеното право на слободното гласање, овој марш – токму пред седиштето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје – ќе испрати јасна порака дека една држава којашто ги започнува преговорите за членство во ЕУ не смее да дозволи дел од нејзините граѓани да бидат лишени од правото да избираат и да бидат избрани, што е основното човеково и политичко право во ЕУ, изјави на прес-конференција портпаролката на Централниот штаб на коалицијата, Нурџан Асановска.

Симболи на маршот, посочи таа, ќе бидат националните симболи и симболите на нашите западни сојузници, а слоганите ќе се однесуваат на заштита на демократијата, укажувајќи дека секој друг симбол и кој било друг повик што искажува фобија, омраза или навреда за било кого, е против целта на овој марш.

– За да се избегне каква билo можност за инфекција, организаторите се погрижија и за бројот на учесниците. Впрочем, за коалицијата ништо не е поважно од здравјето. Затоа, заштитните маски и одржувањето дистанца, како и грижата за здравјето на учесниците се задолжителни обврски за успешна граѓанска акција, рече Асановска.

За маршот е известена и полицијата, а организаторите најавуваат и свои редари за успешен тек.

Би можело да ве интересира

Села: Основен суд во Тетово донесе одлука дека јас сум претседател на Алијанса за Албанците

Катерина Ѓуровски

Алијанса за Албанците: Арбен Таравари или е лошо информиран или е во потполна заблуда

АА: На кого и зошто му пречи директорот Халит Ферати?

(ВИДЕО) Интервју со Таравари: Рама и Курти ме поддржаа да се кандидирам, тоа не е мешање во Македонија, поддршка може да даде секој

Алијансата за Албанците: Хакирани сме од злонамерници

Реагира крилото на Таравари: конгресот на групата незадоволници е незаконски и нестатутарен

Катерина Ѓуровски