А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Алијанса за Албанците: ДУИ е уништувач на албанското образование

by А1он21/01/2019 - 12:09173
Share0

„ДУИ години по ред, како дел од централната власт и која многу години раководи и со поголемиот дел од албанските општини, кои што имаат надлежности во образованието, со назначување на партиски директори во основните и средните училишта, честопати управувајќи и со Министерството за образование, како што е случај и сега, ги уништи речиси сите образовни и воспитни вредности во албанските подрачја.

Добивај вести на вибер

Друг удар на ДУИ врз албанското образование во Македонија се прави и преку приватниот универзитет на членот на централното претседателство на ДУИ и актуелен градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, инаку познат како Меѓународен универзитет во Струга, кој е под раководство на неговиот близок пријател, Арменд Кадриовски. Овој универзитет познат е само по последователните скандали, разни правни законски прекршоци и многу други неправилности. Во оваа прилика би го спомнале скандалот кога пред една година раководителите на овој универзитет насилно ги протераа просветните инспектори кои беа отидени да ја вршат својата законска работа. Сето ова се случува поради тоа што со Универзитетот раководи Рамиз Мерко, висок кадар на ДУИ кој секогаш се обидува да се крие зад власта, дури и без да го почитува законот.

Последниот случај на албанските медиуми кои го апострофираа Универзитетот на Рамиз Мерко за фиктивни дипломи и фиктивни научни звања, ги потврдува сомневањата дека во тој универзитет не се гради знаење и наука, туку се прават злоупотреби во разни правци.

Го повикуваме Министерството за образование и наука, Државниот инспекторат за образование, Комисијата за акредитација, Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи да го испита приватниот Универзитет на Рамиз Мерко за сите сомнежи и загрижувања кои што домашната и пошироката јавност ги има покренато во врска со злоупотребите, како што се: сомневањата за регуларноста на дипломите и научните звања на универзитетските професори“, се вели во соопштението на Алијанса за Албанците.

alijansa za albanciteduiobrazovanie

Би можело да ве интересира

Адеми: Извештајот на ЕК укажува на застој во реформите и слаб институционален капацитет

Горан Наумовски03/12/2025 - 14:13

ДУИ на 20 декември во Скопје ќе одржи партиски конгрес

А1он26/11/2025 - 20:10

Адеми: Пораката на ЕУ е недвосмислена, Македонија не е подготвена за интеграција во европскиот внатрешен пазар

Горан Наумовски25/11/2025 - 12:3725/11/2025 - 12:38

ДУИ: Потребни се итни реформи и уставни измени

Горан Наумовски21/11/2025 - 17:43

ВРЕДИ: Коалицијата на ДУИ се стопи како пластелин

Катерина Ѓуровски21/11/2025 - 08:35

ВИДЕО: Победата на ВРЕДИ е формална, се е благодарение на организираното гласање на ВМРО-ДПМНЕ, вели Адеми

Катерина Ѓуровски17/11/2025 - 14:21
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен