Али Ахмети: Поканет сум за сведок во Специјалното обвинителство за воени злосторства во Косово

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, вечерва на својата страница на Фејсбук објави дека е поканет да сведочи од страна на Специјалното обвинителство за воени злосторства во Косово, со седиште во Хаг.

„Владеењето на правото и постигнувањето на вистинска неселективна правда, локална и меѓународна, се моја постојана цел и обврска во текот на целата моја активност.

Затоа, би сакал да ве известам дека Специјализираните комори на Република Косово, односно Специјалното обвинителство на Косово, ме покани како сведок и без двоумење ја прифатив поканата и воспоставив конструктивен и кооперативен контакт со службените лица во Хаг.

Отсекогаш сум бил поддржувач на неселективната правда и стојам сум на располагање на правосудството за да ја докажам искреноста на ослободителната војна на албанскиот народ пред геноцидот на српскиот режим на Милошевиќ,“ напиша Ахмети, без да понуди повеќе детали за конкретната истрага на Специјалното обвинителство во која ќе биде сведок.

Би можело да ве интересира

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он

Вучиќ: Загрозени сме од воениот сојуз на Хрватска, Албанија и Косово, ќе ја браниме нашата територија

Катерина Ѓуровски

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Симиќ: Во експозето на Курти нема Срби, ниту пак правата што ни се гарантираат со Устав не ни се загарантирани

Избрана нова влада во Приштина, Курти е премиер по трет пат

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер