Албанија тврди дека не ги пуштаме сезонските работници на Ќафасан, МВР вели: нема таква наредба

Од:

Албанската телевизија Ора њуз пренесува дека со посебна наредба од македонска страна, денеска не им било дозволено на 150 албански сезонски работници да влезат во Македонија преку преминот Ќафасан.

-Не се познати причините за ваквата одлука од македонска страна, ниту до кога тоа ќе трае. Сепак, најверојатно се поврзува со смртта на албанскиот државјанин пред три дена кој бил ангажиран во охридско, а во текот на работата се повредил и починал, наведува Ора њуз.

Се додава дека поради оваа причина, албанските работници кои влегуваат наутро и излегуваат навечер од македонска територија, не им бил дозволен влез бидејќи работат на црно.

Телевизијата наведува дека планирана е средба на надлежните на преминот.

Според извори во македонската полиција, не станува збор за никаква наредба за забрана за влез на албански граѓани, туку оние на кои не им е дозволен влез не поседувале валидни документи за влез и престој во земјава.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос во албанскиот парламент: масовна тепачка на пратениците

ВИДЕО: Фрлен Молотов коктел врз канцеларијата на Еди Рама, испукани гумени куршуми

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Седум дена хаос во Тирана, молотови коктели, водени топови: Рама не преговара, ќе објави мерки

Катерина Ѓуровски

Полицијата употреби гумени куршуми и солзавец против демонстрантите во Тирана

(ВИДЕО) Хаос во Албанија. Демонстранти палат и кршат продавници, повеќе од 150 повредени

(ВИДЕО) Тирана e во пламен: Демонстрантите бараат оставка од Еди Рама

Горан Наумовски