Акушерка исекла прст на новороденче: Суспендирана е, прстот на бебето ќе биде спасен

Од:

Новороденче пред 10 дена останало без дел од прст на скопската Клиника за гинекологија и акушерство, откако акушерка ненамерно му нанела повреда.

Информацијата ја потврди и Министерството за здравство.

„Според одговорот од ЈЗУ ГАК- Скопје на одделот за новородени деца се случил немил настан, кога акушерка во текот на испис на новородено ненамерно пресекла мал дел од палецот на бебето. Дежурниот педијатар постапил максимално професионално и одговорно и веднаш е повикан детски хирург“ велат од Министерството.

Новороденото е префрлено на Клиниката за детска хирургија, веднаш бил повикан детски хирург, кој ја санирал повредата, а новороденчето нема да има инвалидитет. Бебето е испишано дома, повредата е санирана со помош на детски хирург и бебето нема да остане без прст.

Според информациите Бебето имало фластери коишто не можеле мануелно да се извадат, па сестрата користела ножици и така настанала немилата ситуација.

Акушерката била суспендирана, дадена на Дисциплинска комисија и ѝ била изречена максимална казна според Законот за здравствена заштита, како и промена на работното место.

Од министерство ја потврдија и информацијата дека бебе и мајка починале на гинекологија.

„  Во август на ЈЗУ УK Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје примена е таква пациентка којашто имаше придружни здравствени проблеми заради кои бебето починало. Како последица на придружните болести индицирано било завршување на бременоста со царски рез. За жал, постоперативно почнуваат серија последувателни компликации кои условувале повеќекратни хируршки ревизии.Во лекувањето на пациентката биле вклучени повеќето од најискусните лекари на ЈЗУ У ГАК – и од гинеколошки и од анестезиолошки профил, како и дежурните тимови. Тешките одлуки во врска со здравјето на пациентката се донесуваа конзилијарно од најискусните лекари, почитувајќи ги најсовремените медицински протоколи. За жал, и покрај речиси двомесечен интензивен ангажман и третман, пациентката подлегна на придружните комликации.“ велат од Министерството за здравство.

Се чека потврда од обдукцискиот и од хистопатолошкиот наод, кои прецизно ќе дадат информации за состојбата на пациентката. Формирано е и стручно тело кое ги испитува сите случаи со неповолен исход за бебето во утробата и за породени новородени со фатален исход.

Би можело да ве интересира

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Бебе од Србија почина во Виена, приведени родителите

А1он

Бебе падна од првиот кат на зграда во подрум во Параќин

Викторија Јовановска останува директорка на Клиниката за Гинекологија

Орце Костов

Гинеколог од Сремска Митровица во притвор, осомничен за акушерско насилство

А1он

Пронајдено е бебе во корпа за отпадоци во близина на Торино