Активности за подобро управување со природните ресурси, се изработуваат нацрт планови за Шар Планина и Охридското Езеро

Од:

Со виртуелна средба почнаа проектни активности за изработка Нацрт – план за управување со идното заштитено подрачје Шар Планина, како и Студијата за валоризација на природни вредности и Нацрт план за управување со Охридското Езеро.

– И Охридското Езеро и планинскиот масив на Шар Планина се карактеризираат со исклучителни природни вредности, пред се богат биодиверзитет, кој е значаен не само за нас, туку и за Европа, истакна министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини во поздравното обраќање, нагласувајќи дека Министерството вложува континуирани напори за да обезбеди интегрална заштита и унапредување на природното наследство на земјата и работи на унапредување на развојни политики (планови, стратегии и програми) за подобрување и усогласувањена националното законодавство со европските барања.

Изрази уверување дека изработката на Студијата за ревалоризација и плановите за управување со Споменикот на природа Охридско Езеро, како и идното заштитено подрачје Шар Планина, ќе даде соодветна основа за ефикасно управување со природните вредности на овие подрачја, како придобивка пред сѐ за локалното население, а во согласност со националното и меѓународното законодавство за заштита на природата.

– Поддршка на државите и заедниците во прогласувањето и управувањето со заштитените подрачје е едно од главните стручни области во кои е активна IUCN, рече Борис Ерг, директор на Меѓународната унија за заштита на природата за Источна Европа и Централна Азија (IUCN ECARO).

Верува дека во соработка со националните власти, локалните заедници и граѓанскиот сектор, ќе се придонесе во постигнување на подобро управување со природните вредности во Северна Македонија, применувајќи ги при тоа највисоките светски конзервациски стандарди за зачувување на природата.

Проектните активности ги следат определбите и континуираните активности на МЖСПП, за валоризација или ревалоризација на природните вредности на заштитени подрачја во согласност со Законот за заштита на природата, Националната стратегија за заштита на природата со Акциски план (2017-2027) и Националната стратегија за биолошка разновидност со Акциски план (2018-2023) и ќе помогнат во усогласувањето со барањата од ЕУ директивите за птици и живеалишта, и ќе обезбеди прогрес во исполнувањето на Аичи 11 целта за биолошка разновидност.

Во наредниот период, активностите ќе се фокусираат на изготвување студија за валоризација на Охридското Езеро што ќе овозможи сеопфатно разбирање на природните и социо-економските вредности на Езерото. Ова, заедно со студијата за валоризација на Шар Планина која беше завршена на почетокот на 2020 година, претставуваат добра основа за изработка на плановите за управување со обете подрачја, во согласност со релевантното национално законодавство, а водејќи се од IUCN WCPA препораките и најдобрите практики за управување со заштитени подрачја, како и резултатите од спроведената анализа врз основа на Алатката за следење на ефикасност во управувањето (Management Effectiveness Tracking Tool-METT).

Потреба од одржливо управување со овие подрачја е уште поголема ако се земе предвид дека двете подрачја се прекугранични. Планинскиот венец Шар Планина е област со извонреден биодиверзитет и природна убавина, споделена со Албанија и Косово, во кои има заштитен статус. Едно од најстарите и најдлабоките езера во Европа, Охридското Езеро ја споделува границата меѓу Албанија и Северна Македонија и е домаќин на уникатен воден екосистем. Езерото е дом на над 200 ендемски видови и има статус на Светско наследство.

Активностите кои ќе придонесат во унапредување на управувањето со Охридското Езеро и Шар Планина, се спроведуваат во рамките на проектот „Постигнување на зачувување на биолошката разновидност преку создавање и ефикасно управување со заштитените подрачја и вклучување на биодиверзитетот во планирање на употреба на земјиштето, финансиран од Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ), кој се имплементира преку Програмата на ООН за животна средина (УНЕП) и МЖСПП како главен корисник. IUCN ќе обезбеди локална поддршка и координација на активности, со учество на домашни и странски експерти,

Напорите за унапредување на управувањето со Охридското Езеро и Шар Планина ќе ги координира IUCN ECARO, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање на Северна Македонија во рамките на проектот „Постигнување на зачувување на биолошката разновидност преку создавање и ефикасно управување со заштитените подрачја и вклучување на биодиверзитетот во планирање на употреба на земјиштето ”, финансирано од Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ) и спроведено од Програмата ООН за животна средина(УНЕП).

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

Орце Костов

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

Орце Костов

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

Орце Костов

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

Орце Костов

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари