Ако имало провокација, ја осудувам – вели Заев за венчавката на Богдановиќ

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека осудува провокации од било каков тип, доколку ги имало на свадбата на градоначалникот на општина Центар кој викендот се венчаше во Грачаница.

Во изјавите на Богдановиќ, премиерот не можел да препознае такво нешто.

– Внимателно ги читав изјавите на градоначалникот на Центар кој доаѓа од редовите на СДСМ. Јасно кажа дека не чувствува дека тоа тука му е забрането во православните храмови. Тој тврди дека не сака ниту да ги поддржи, ниту нешто посебно да коментира за поединци коишто биле гости на свадбата. Тој се оградува. Вели – јас ја сакам мојата Република Северна Македонија, живеам овде, имам голема чест да бидам градоначалник. Тоа е она што навистина го читав, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања.

Нагласи дека земјава ги почитува сите соседи и поттикнува дијалог што носи мир на Балканот.

– Односот што значи провокација меѓу кој било од нашите народи на Балканот, не го поддржувам и се оградувам од него. Апелирам на внимателност. Ние сакаме да бидеме Европа во периодот којшто претстои пред нас. Треба европски да се однесуваме и меѓусебно да се почитуваме, истакна Заев.

Најави дека одлуките за идните кандидати за градоначалници ќе се носат кон крајот на летото бидејќи локалните избори се во октомври следната година.

Би можело да ве интересира

Заев со честитка до Меркел: Канцеларката e наша блиска пријателка и нѐ мотивира да продолжиме уште похрабро напред

Катерина Павлова-Николовска

Заев за Денот на албанска азбука: Јазикот е дел од генетскиот код на еден народ

Катерина Павлова-Николовска

Заев: Секое прашање за македонскиот идентитет е „црвена линија“

Средба Заев-Гир: Да се направат сите напори за отворање на преговорите и одржување на првата меѓувладина конференција

Ана Ололовска

Состанок на Заев со мисијата на ММФ: Капиталните инвестиции можат да помогнат во ревитализацијата на економијата

Ана Ололовска

Заев: Сигурни во македонскиот идентитет ќе ги придвижиме работиме

Катерина Павлова-Николовска